Катарците ќе пратат 10.000 мобилни домови во Сирија и Турција ! (Фото)

Катар соопшти дека ќе испрати 10.000 мобилни домови во Турција и Сирија по насилните земјотреси што ги погодија двете земји.

Qatar provides 10000 mobile homes earthquake victims turkiye syria 2

Во соопштението на катарското Министерство за надворешни работи се вели дека овој потег „е дел од напорите на Катар да придонесе за олеснување на луѓето погодени од земјотресот во Сирија и Турција“.

Во понеделникот, емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани нареди лансирање на воздушен транспорт за помош на жртвите од земјотресот во Турција.

Државната новинска агенција QNA соопшти дека спасувачки тим, теренска болница, хуманитарна помош, шатори и зимски материјали, исто така, се веќе испратени во земјата.

Секоја помош е добредојдена. Имено мобилните домови се истите кои се користеа за време на светското првенство во фудбал кое се одржа есенва на кое беше домаќин Катар, како сместувачки капацитети за фановите.