Connect with us

Скопје

Смрдливи алишта се оставаат на плоштад – револтирани и волонтерите (Видео)

Published

on

Искинати гаќи, неупотребливи и замирисани стари алишта. Ова се само дел од донациите кои се оставени на плоштадот „Македонија“ во Скопје за настраданите од Турција и Сирија. Дел од организаторите се револтирани, исто како и дел од волонтерите. Сметаат дека ова е недозволиво, а има граѓани кои ги оставаат донациите без да прашаат дали требаат или не, пренесува Макфакс.

„Во црни кеси и кутии има партали кои и не можат да се наречат облека, а уште помалку помош“, коментираат организаторите.

Волонтерите кои со денови се на плоштадот, ја препакуваат облеката. Тие ги отвораат пакетите, проверуваат што има во нив, а тоа што е неупотребиво се вади и фрла. Апелираат до сите хумани граѓани, да донираат, а не пунктот да го користат за исфрлање на отпадот од дома.

Инаку, утрово, 11 камиони со донации ја поминаа македонската граница. Тие треба да стигнат до погодените подрачја од земјотресите во Турција и Сирија. Едниот камион, според волонтерите, веќе пристигнал и ги оставил пакетите со донации.

Скопје

Ѓорѓиевски: Реконструкција на мостот „Киро Фетак“ – нова безбедна врска меѓу Кисела Вода и Аеродром

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, и градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, изврши теренски увид на стартот од реконструкцијата на мостот „Киро Фетак“, како и санацијата на регионалниот пат Р-1106, клучна сообраќајна артерија која ги поврзува општините Кисела Вода, Аеродром, Зелениково и Студеничани со автопатот.

Станува збор за две поврзани интервенции – целосна реконструкција и проширување на мостот со тротоари и безбедносни елементи, како и санација на самата улица од страна на државното јавно претпријатие. За проектот, општина Кисела Вода изработи сопствена проектно-техничка документација, додека вредноста на зафатот е проценета на околу 6 милиони денари.

Ѓорѓиевски потсети дека токму овој мост со години претставува опасна точка, со чести сообраќајни незгоди и сериозни ризици за учесниците во сообраќајот. „Со оваа реконструкција обезбедуваме не само побезбедна сообраќајна врска, туку и поквалитетна инфраструктура за нашите граѓани“, изјави тој.

Проектот се оценува како стратешки важен за подобра поврзаност, мобилност и безбедност на целото подрачје, а локалната самоуправа, како што најави градоначалникот, останува посветена на унапредување на инфраструктурата и сервисите за граѓаните.

Continue Reading

Скопје

ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните ќе победат на следните локални избори, не само во Скопје, во најголем дел од општините низ Македонија

Published

on

За тоа кој ќе биде кандидат и кој ќе ја има шансата да биде наредниот градоначалник на Град Скопје, бидејќи и јас и целата јавност сме убедени дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните локални избори, не само во Скопје, во најголем дел од општините низ Македонија, изјави во своето излагање градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во гостување во „Утринско еспресо“ на Радио Лидер.

Ѓорѓиевски говореше за претстојните локални избори коишто треба да се одржат и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа не само во Скопје, туку во најголем дел од општините. Тој додаде дека градот Скопје потребно е да се менува од повеќе аспекти и дека доколку ја добие поддршката од претседателот и партијата, со конкретни проекти ќе ги објасни проектите коишто ќе ги понуди пред граѓаните.

-Скопје треба да се менува од повеќе аспекти, првенствено треба да се обезбеди гасификација во градот. Доколку ја добијам поддршката од партијата и претседателот, со конкретни локации ќе објаснам од проектите коишто ќе ги понудам пред граѓаните, колкава ќе биде финансиската рамка за истото, рокот на реализација и се останато, вели Ѓорѓиески за Радио Лидер и додава:

-Јас имам доста сработено зад себе, изминативе повеќе од три години во мојата општина. Од една општина каде што немаше основни услови за функционирање, општина во која што во 21 век требаше да се бориме со воспоставување на фекална канализација, водоводна мрежа, општина која немаше ниту еден парк, имаше проблем во секое училиште, немаше спортски сали, имаше над 350 дечиња кои што чекаа да бидат запишани во градинки, што значи еден куп наталожени проблеми. Успеавме да дојдеме до ниво често пати во јавноста нашата општина во моментов да се споменува за пример, заклучува Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Скопје

Во моментов: Сообраќаен колапс во центарот на Скопје, автобус на ЈСП остана во дефект

Published

on

Во моментов, во центарот на Скопје, на раскрсницата кај Соборната црква, се случи сообраќаен хаос. Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) остана во дефект и ја блокираше целата раскрсница, создавајќи големи сообраќајни застои.

Патниците беа принудени да излезат од автобусот. Сеуште нема официјални информации од ЈСП во врска со причините за дефектот и времето потребно за решавање на состојбата.

Ова не е прв пат автобус на ЈСП да се расипе низ скопските улици и да предизвика хаос во сообраќајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк