Смрдливи алишта се оставаат на плоштад – револтирани и волонтерите (Видео)

Искинати гаќи, неупотребливи и замирисани стари алишта. Ова се само дел од донациите кои се оставени на плоштадот „Македонија“ во Скопје за настраданите од Турција и Сирија. Дел од организаторите се револтирани, исто како и дел од волонтерите. Сметаат дека ова е недозволиво, а има граѓани кои ги оставаат донациите без да прашаат дали требаат или не, пренесува Макфакс.

„Во црни кеси и кутии има партали кои и не можат да се наречат облека, а уште помалку помош“, коментираат организаторите.

Искинати гаќи и смрдливи алишта се оставаат на плоштадот, револтирани и волонтерите

Волонтерите кои со денови се на плоштадот, ја препакуваат облеката. Тие ги отвораат пакетите, проверуваат што има во нив, а тоа што е неупотребиво се вади и фрла. Апелираат до сите хумани граѓани, да донираат, а не пунктот да го користат за исфрлање на отпадот од дома.

Инаку, утрово, 11 камиони со донации ја поминаа македонската граница. Тие треба да стигнат до погодените подрачја од земјотресите во Турција и Сирија. Едниот камион, според волонтерите, веќе пристигнал и ги оставил пакетите со донации.