Connect with us

Балкан

Путин му пишал писмо на Вучиќ: Ве поддржуваме во заштита на вашиот територијален интегритет

Published

on

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска прими писмо со честитки од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, по повод Денот на државноста на Србија, во кое, меѓу другото, се наведува дека Москва високо ја цени „ избалансиран надворешнополитички курс што Белград го спроведува во сегашните сложени меѓународни околности“.
Во честитката на Путин се наведува понатаму.

„Добијте срдечни честитки по повод националниот празник на вашата земја – Денот на државноста. Србија е важен и доверлив партнер на Русија. Ние високо го цениме балансираниот надворешнополитички курс што Белград го следи во сегашните сложени меѓународни околности. Ги поддржуваме вашите напори насочени кон заштита на територијалниот интегритет на земјата и решавање на косовското прашање. Уверени дека натамошниот развој на руско-српското стратешко партнерство целосно одговара на интересите на нашите братски народи. Искрено ви посакувам добро здравје и успех, како и на сите граѓани на Србија благосостојба и просперитет“, се вели во честитката на рускиот претседател, која на претседателот Вучиќ му ја врачи амбасадорот на Русија, Александар Бочан-Карченко.

Балкан

Студентите во Белград ја блокираа зградата на РТС

Published

on

Студенти од универзитетите во Белград и Нови Сад во понеделникот вечерта организираа блокади на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина, незадоволни од известувањето на двата јавен сервис за студентските протести и општествено-политичката криза во земјата, а во исто време најавија протести „до следно известување“.

Студенти од Белград и Нови Сад координираа акции за блокирање на РТС, РТВ во новосадски Мишелук и студиото на РТС во белградската населба Кошутњак, што РТС го нарече „незаконска блокада“.

Насловната вест на порталот на РТС е дека студентите „незаконски ги блокираат“ зградите на РТС во Белград и зградата на РТВ во Нови Сад.

Во веста за блокадата, РТС наведува дека во пресрет на собирот, студентите во блокадата на белградските факултети на својот Инстаграм објавиле: „Јавниот медиумски сервис работи против сите нас“.

24-часовна блокада во Нови Сад

„Студентите во блокадата вечерва се собраа пред двата јавни медиумски сервиси. Во протестна прошетка стигнаа до РТВ и ги блокираа влезовите во зградата. Студентите од Нови Сад најавија 24-часовна блокада. Пред РТС на улица Таковска и во Кошутњак, белградските студенти бараат да се распише конкурс за членови на советот на Регулаторното тело за Електронски медиуми (РЕМ)“, извести РТС за блокадата.

Директорот на РТВ Горан Караџиќ излезе со соопштение во кое се наведува дека вработените во РТВ биле „киднапирани“ и студентската акција ја нарече „тероризам“. Протестите и блокадите се одвиваат без инциденти.

Студентското движење излезе од бранот протести предизвикани од смртта на 16 лица во урнатата настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, а од властите бараат кривична и политичка одговорност за трагедијата и бараат борба против корупцијата и непристрасно дејствување на институциите без политички притисок и влијание.

Во тек е и велосипедската „Тура до Стразбур“ чија цел е да ги информира лидерите на Европската унија за состојбите во земјата која веќе неколку месеци се соочува со социјална и политичка криза. Во вторник попладне се очекува студентите-велосипедисти да пристигнат во Стразбур.

Continue Reading

Балкан

Минибус со патници падна во Дунав

Published

on

Минибус со патници падна во Дунав откако се судри со друг автомобил на вијадуктот во Иловица во западна Романија, пренесуваат локални медиуми.

„Засега немаме потврда за бројот на луѓе во минибусот. Можно е да станува збор само за возачот и уште едно лице, но сè уште ја третираме ситуацијата како да има уште луѓе под вода“, објасни Раед Арафат од Одделот за вонредни ситуации.

Патниот сообраќај е целосно блокиран на вијадуктот до крајот на спасувачката операција.

„Минибусот воопшто не е видлив, немаме информации за бројот на луѓе, спасувачките сили пристигнаа таму, но потребен е целосен тим нуркачи“, изјави Арафат за Диги24.

Нуркачи од Крајова и Караш-Северин беа мобилизирани, а хеликоптерот на „SMURD“ беше пренасочен за што поскоро да го транспортира нуркачкиот тим до местото на несреќата.

„Мисијата е многу тешка со оглед на матниот Дунав“, додаде Арафат и процени дека шансите за преживување се многу мали по неколку минути во студената вода.

ЛИНК од видеото

Continue Reading

Балкан

Силен земјотрес регистриран во Романија

Published

on

Земјотрес со јачина од 4,1 степени регистриран во источна Романија

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес, понеделник, 14 април 2025 година, во 18:57 часот во источниот дел на Романија, во близина на градот Брашов.

Според досега достапните информации, епицентарот на потресот бил лоциран на координати 45.7136 степени географска ширина и 26.7131 степени географска должина.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу 140 километри под површината на земјата.

Засега нема пријави за материјални штети или повредени лица, а надлежните служби внимателно ја следат ситуацијата, јавува српски Телеграф.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк