Градоначалникот за дивоградби не ги толерирал ниту роднините: Во ова турско градче нема ниту еден загинат од земjoтpecoт

Оштетени се само неколку семејни куќи и неколку минариња од џамиите. Никој не е загинат, никој не е тешко повреден, објавија бројни турски медиуми како Хуриет.

Градот Ерзин во турската провинција Хатај, во кој живеат околу 42 илјади жители, нема ниту една урната зграда ниту мртви или повредени, иако се наоѓа во средината на подрачјето погодено од земјотресите кои срамниија со земја повеќе околни градови и однесоа повеќе од 40.000 животи.

Во градот Хатај, на околу сто километри од Ерзин, земјотресите целосно уништија илјадници згради и ги претворија во куп урнатини, а тешко е оштетен и стариот град Османије, оддалечен само 20 километри, каде што илјадници луѓе загина под урнатините.

Во ниту еден од серијата застрашувачки земјотреси во Турција, од кои два беа со магнитуда од катастрофални 7,8 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, ниту една станбена зграда не се урна во Ерзин. Оштетени се само неколку семејни куќи и неколку минариња од џамиите. Никој не е убиен, никој не е тешко повреден, објавија бројни турски медиуми како Хуриет.

Овој зачудувачки феномен медиумите и експертите го објаснуваат само со една разлика што го издвојува Ерзин од останатите соседни градови – неговата нулта толеранција кон дивоградбите, што со години ја спроведува посветениот градоначаник Океш Елмасоглу.

Говорејќи за турските медиуми градоначаникот Елмасоглу најпрво изрази жалење за смртните случаи, раните и загубите во другите турски окрузи, а потоа трпеливо објасни дека него и неговите сограѓани од злото ги спасиле не само среќата и милиот Бог, туку и многу памет, работа и почитување на законите.

Градоначалникот на Ерзин е долгогодишен и исклучително успешен непријател на секој облик на дивоградба, непочитување на стандардите за градење и неосновано издавање дозволи за градба. Поради ова многу негови сограѓани во почетокот биле изненадени, го исмејувале, па дури и му се заканувале.

– Кога ми се лутеа како градоначалник, често ми велеа: „Нема ли друг пристоен човек освен тебе во оваа земја? Зошто си единствениот кој упорно се придржува до правилата?“ Не поминаа ни три месеци откако бев избран на функцијата, а роднина дојде кај мене со молба да му помогнам бидејќи е казнет за дивоградба. Кога му кажав дека не можам да му помогнам, ме праша дали само јас сум нашол да се правам чесен во цела Турција – се сеќава градоначалникот на Ерзин.

https://twitter.com/203_Nations/status/1624470571487576064?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1624470571487576064%7Ctwgr%5Ee2255b6ad42b8a486a6784f2c2cf984cb5946f6d%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmarkukule.mk%2FD0B3D180D0B0D0B4D0BED0BDD0B0D187D0B0D0BBD0BDD0B8D0BAD0BED182-D0B7D0B0-D0B4D0B8D0B2D0BED0B3D180D0B0D0B4D0B1D0B8-D0BDD0B5-D0B3D0B8-D182%2F