Кристина Димитри разголена во секси долна облека на снегот: Еротското издание максимално сексапилно (Фото)

Свети Трифун или Свети Валентин или обата празници заедно споени во едно, како еден хибриден празник за славење на виното и љубовта во пакет! Оние кои имаат кому да подарат љубов и сето останато што оди со неа, не пропуштаат да го сторат токму на тој ден. Од нежни прегратки, преку влажни бакнежи, па се’  до страсни воздишки и по некој романтичен подарок.

Они останатите пак, кој немаат понежна или посилна половина покрај себе,  можат да им се препуштат на волшебствата на Свети Трифун, на виното и „вистината во него“.

Македонската мисица, модел, инфлуенсерка и сега пејачка Кристина Димитри по разводот е официјално „free“… Убавата дама е сама кога се емотивните врски во прашање, иако големо прашање е дали е така, зашто вака расна и страсна убавица, тешко дека може долго да издржи осамена… Но, она што не е официјално не се брои, па затоа Кристина Димитри за Денот на љубовта и виното реши да ги почести своите фанови и следбеници на социјалните мрежи со нова разголена, еротска фотосесија и тоа на необична локација.

Место каде  скијањето, борадањето и санкањето се вообичаени за разлика од соблекувањето, иако по она што убавицата го прикажа, никој ништо лошо не и кажа и нема да и забележи.

Напротив, Кристина доби дузина пофалби за тоа како го одбележи празникот на виното и љубовта.

Атрактивната тетовка на познатата планинска локација во соседството на нејзиното родно место, се соблече во секси долна облека разголувајќи се на снегот.

Содржината продолжува после огласот

Уникатна формула за регулирање на дијабетес. Шеќер од 15 до 6,5 веќе во првата недела од употреба!Sponsored by MonadPlug

Бели танга гаќички и градник од провидна тантела украсени со црвено-бела цветна апликација за визуелна сатсифакција на „влажните машки погледи“. Сето тоа зачинето со жартиери и бели свилени чорапи, а долгите нозе обуени во високи црвени чизми над коленици.

Еротско издание на убавицата од кое ве лазат морници, што од самиот поглед на студеното, на многу повеќе од виденото… Изданието максимално сексапилно, а возбудата пуштена на најсилно.

Дали исправена со широко раширени раце…

…Или седната со расчекорени колена…

…Или легната со високо кренати нозе, расната Кристина со секоја нова жешка поза на брегот, го топеше снегот!

Разголената убавица како вистинска секси снежна кралица буди копнежи додека дели бакнежи и заводливи погледи, буди страсти бранувајќи ја фантазијата, која за миг ја поттикнува волшебната игра на сетилата…

Вистинска еротско-зимска пасторала во која сета природна убавина се збрала.

И тоа онака, како што многумина посакуваат и сонуваат со сексапилната тетовка да им се вкрстат патишта…

Но, посакувањата се едно, а реалноста нешто сосема друго, па затоа желбите  очигледно остануваат само во доменот на соништата…

Како оние, кои Кристина Димитри ви ги подари за Денот на вљубените!