Разбојник претепал скопјанка пред влез на зграда

На социјалните мрежи се појавија снимки како една скопјанка е нападната од разбојник, кој се обидува да ја ограби пред влез на зграда на подрачје на Карпош.

Ќерката на нападната жена сведочи дека жената има повреди на окото, вратот и раката.

– Драги пријатели, одвојте две минути од вашето време и прочитајте. Мајка ми беше нападната пред извесно време од овој паразит. Видеото нема да го постирам затоа што ми се превртува желудник секој пат кога и да го изгледам. Нападната е пред влезна врата со што и се нанесени повреди на окото, вратот и раката. Пријавено е, реагирано е со време и тој што ја нападна е веќе приведен и нема место за паника, за среќа од страна на полицијата се реагираше експресно. Но за жал од него се направени повеќе штети и се надевам дека соодветно ќе одговара за истите. Но, сепак внимавајте овој е само еден од многумина што се шетаат низ Скопјево. Жени, мајки, девојки, девојчиња и сè останато внимавајте, Скопје не е безбедно место за живеење. И да, мажи, не пиштол да купувате, излезете и пречекајте ги вашите блиски доколку мора да се вратат доцна навечер, барем тоа е најмалку што можете да направите за нив. Чувајте се. П. С. Мајка ми е добро, но стравот е поголем, напиша ќерката на претепаната жена.