Connect with us

Македонија

Хакери го „киднапираа“ системот на ФЗО и сега бараат откуп од 2.000 Биткоини!

Published

on

ИТ системот на Фондот за здравство е хакиран со помош на вирусот „ransomware“, а хакерите бараат откуп за да го ослободат. Ова го откри премиерот Димитар Ковачевски на вчерашната прес конференција.

-Се работи за напад со ransomware. Тоа е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина со нападот од Русија. На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави особено членките на НАТО. Имаше сајбер напади во Албанија и Црна Гора. Моментално тимовите на Министерството за здравство и ФЗОМ и други институции работат со експерти од Германија и од други партнерски држави за да се реши проблемот со хакерскиот напад во Фондот за здравство бидејќи моментално не може да функционира трезорот и исплатата на финансиските средства по различни основи, рече премиерот.

Ransomware е малициозен софтвер кој користи шифрирање за да ги заклучи информациите на жртвата и потоа за нивно ослободување да се бара откуп. Критичните податоци на корисникот или организацијата се шифрираат за да не можат да пристапат до датотеки, бази на податоци или апликации. Потоа се бара откуп за да се обезбеди пристап. Ransomware често е дизајниран да се шири низ мрежата и да таргетира сервери за бази на податоци и датотеки, и на тој начин може брзо да ја парализира цела организација.

Откуп од 2.000 биткоини бараат хакерите за да му ги вратат сите податоци на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), дознава МКД.мк од свои неофицијални извори од оваа институција. Од Министерството за внатрешни работи велат дека таков податок немаат. Според нашите информации во оваа институција е хаос за да се средат податоците, а наводно хакерите побарале огромни суми во виртуелна валута за да ги вратат сите податоци. Од Фондот, пак, уверуваат дека анализата на експертските технички тимови утврдила дека при сајбер нападот нема одлевање на податоци надвор од базите.

Македонија

Мицкоски и Филипче утре ќе се сретнат во Владата

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе остварат средба утре во владината зграда.

Претходно, денес, Мицкоски изјави дека е подготвен да го прими на средба лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во кое било време.

„Стојам на располагање во секое време, ќе го прераспределам мојот распоред – ако треба на полноќ, или после полноќ за да го сослушам неговиот план и да видиме дали по тој план нешто може да се реши. Но ако планот опфаќа пристап каков што беше во минатото за време на ковидот, тогаш јас такви планови не можам да прифатам“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Денес, пред новинарите се обрати и Филипче, кој предложи нов концепт за политички и општествен дијалог. Тој очекува дека во фокусот на средбата ќе бидат образованието, здравството, правосудството, заштитата на животната средина и партизацијата во институциите.

Continue Reading

Македонија

Помилуван Ѓоко Поповски кој беше обвинет за набавката на возила и за блиндираниот „Мерцедес“

Published

on

Најголемата жртва на лудилото наречено СЈО конечно на слобода.

Ѓоко Поповски, екс помошникот на министерот за јавни набавки во МВР, конечно излегува на слобода. Со одлуката за делумно помилување, потпишана денеска од македонската претседателка Гордана Силановска Давкова, осудениот за Триста и Тенк во предметите на СЈО е после 9 години на слобода.

Овие предмети произлегоа од таканаречените бомби на Зоран Заев од кои практично не се докажа никаква вина на Поповски за набавките на службени полициски возила и блиндирано возило за превоз на домашни и странски државници.

Овој судски предмет е веројатно единствениот во кој беа во целост испочитувани нарачките од страна на тогашното раководство на СДСМ кон судиите и обвинителите кои во то време со гордост беше кажувано дека биле “како пупка отворени”.

300 те набавени возила во далечната 2008 ма година, сеуште се користат во МВР и може да се видат редовно и буквално секојдневно низ македонските улици како пренесуваат полицајци или осомничени за кривични дела исто како што и сеуште се користи блиндираниот мерцедес.

Извор: Трендинг.мк

Continue Reading

Македонија

Временска прогноза: Еве какво време не очекува во наредните денови

Published

on

До сабота (5 април) во Македонија ќе се задржи релативно топло и без некои поголеми температури разлики во однос на овие кои ги имаме сега. Времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

Во попладневните часови ќе има локален развој на грмотевични облаци од кои се очекува појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилен ветер, и тоа во зоната на нестабилност. Не се исклучува можноста процесите да бидат и во форма на краткотрајно невреме со појава на град.

И во Скопскиот регион до сабота (5 април) ќе се задржи релативно топло и променливо облачно време. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Метео прогноза на Славчо Попоски

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк