Нема мир за Турција: Серија силни земјотреси ја тресеа земјата цела ноќ

Турција изминатава ноќ беше погодена од серија силни земјотреси.

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди централниот турски регион, објави ЕМСЦ, а пренесе Индекс.

Регистрирани се и неколку помали земјотреси со јачина од 4,8, 4,6 и 4,2 степени, објави Телеграф.

Во меѓувреме, повеќе од 5.700 последователни потреси беа регистрирани по првиот разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и соседна Сирија на 6 февруари, изјави Јунус Сезер, директор на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).