Connect with us

Македонија

АРНО ИМ ТЕКНА ! – УТРЕ ПРОТЕСТ ЗА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО

Published

on

Незадоволни од доцнењето на платите во здравството поради хакираниот систем на ФЗОМ, денеска дел од вработените во ГОБ 8 Септември излегуваат на мирен протест.

Протестот утре ќе се одржи во дворот на болницата, за време на паузата од 13 до 13.30 часот.

Веќе две недели поминаат од хакирањето на базата на ФЗОМ, поради што не функционираат повеќе сегменти од системот, меѓу кои е и исплатата на платите на медицинскиот персонал, но и породилното и другите боледувања. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека се работи за хакерски ренсомвер напад кој по дефиниција е врзан за давање откуп од страна на оштетената страна за враќање назад на енкриптираните податоци од хакерите.

Претходно, протест за во среда најавија здравствените работници од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ независно од тоа дали во понеделник ќе ја примат задоцнетата плата.

Македонија

По 150.000 денари итна помош за секој настрадан за првични секојдневни трошоци

Published

on

За секој настрадан во пожарот во Кочани ќе биде доделена итна финансиска помош од 150.000 денари, која ќе се реализира преку Црвениот крст. Оваа одлука ја соопшти директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, на прес-конференција.

Томовски истакна дека преку СОЗР и другите надлежни институции се организира целата потребна логистика за сместување и транспорт на настраданите и нивните семејства. Тој додаде дека Владата ќе ги покрие трошоците за престој на најблиските на пациентите кои се лекуваат во странство, при што право на помош имаат по две лица од семејството за секој повреден.

Како што објасни министерот Тимчо Муцунски и Томовски, лекувањето на пациентите во странство е на трошок на државата домаќин, додека патните и сместувачките трошоци, како и други трошоци за семејствата, ќе ги покрие нашата Влада.

Досега, 188 лица се згрижени и сместени, а Томовски истакна дека оваа трагедија предизвикала не само емоционална, туку и финансиска тешкотија. Затоа, како институција вклучена во процесот, одлучено е да се исплати итна финансиска помош од 150.000 денари за секој настрадан, за покривање на почетните секојдневни трошоци. Помошта ќе се реализира преку Црвениот крст на Република Македонија.

На прашањето кога и како семејствата ќе ја добијат помошта од донациите собрани на сметката на Црвениот крст, која досега изнесува 51 милион денари, Томовски одговори дека исплатата ќе започне од понеделник. Според неговите зборови, се прават законски подготовки заради заштитата на лични податоци, бидејќи трансакциските сметки подлежат на заштита.

Томовски објасни дека се собираат трансакциските сметки од лицата во странство и нивните согласности преку логистиката на Министерството за надворешни работи и амбасадите. Црвениот крст ќе започне со исплата на средствата од понеделник.

Continue Reading

Македонија

Срамнете го со земја објектот, направете парк и засадете 59 јаблани и еден бор за починатиот возач на брзата помош

Published

on

Објектот во кој згаснаа животите на нашите деца, не смее повеќе да постои, туку треба да се срамни со земја! На истото место да се направи парк, во чест на жртвите. Самата глетка на таа штала е преболна за народот, нека помине уште една недела и нека се прати багер, се да сруши до темел, апелираат жителите на Кочани на социјалните мрежи посветени на општината.

Предлагаат на местото каде сега стојат руините од таканареченото кабаре „Пулс“, да се засадат 59 дрва, јаблани, во чест на младинците, и еден бор, во чест на возачот во Итната помош во Кочани, Илчо Гоцевски, кој почина по кобната ноќ, откако успеал да превезе во болницата во Кочани, но и во околните градови, 32 повредени младинци.

Continue Reading

Македонија

„Небото слави, ние жалиме“: Емотивна роденденска честитка за загинатиот Дамјан

Published

on

Дамјан Танески го загуби животот во најголемата трагедија во поновата македонска историја.

Штипскиот голман на Брегалница загина само една недела пред својот роденден.

Роднини и пријатели денеска тагуваат на социјалните мрежи.

„Небото има се’, ние ништо. Небото слави, ние жалиме“, пишува во една од трогателните посвети.

Освен Танески, во дискотеката во Кочани животот го загубија уште четворица штипјани, баџанаците Александар Коларов и Филип Стевановски кои свиреа со ДНК, фотографот Александар Ефремов и младите Филип Ивановски и Дамјан Танески.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк