Connect with us

Македонија

Како шалтерски работник во семејната фирма на Груби станал сопственик на вносен бизнис

Published

on

Очигледно криминогеноста е главнаа врска на СДС и ДУИ во владата. ДУИ и Груби наместо нервозно да реагираат треба на јавноста да и објаснат како тоа шалтерски работник во семејната фирма на Груби станал сопственик на фирма за баждарење на бензиски пумпи Метролаб и истата таа фирма 4 месеци од нејзиното формирање добила акредитација од Бирото за метереологија раководено од Мерита Мустафи, кадар на ДУИ? Како сопственикот на оваа фирма која влегува во вносен бизнис останал да работи уште извесно време како шалтерски работник во туристичката агенција на Груби? Дали Груби стои зад оваа опрација, а неговиот вработен е само параван?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

– Дополнително нешто коешто треба Груби и ДУИ да го одговорат е како истата таа дирекорка на Бирото за метереологија Мерита Мустафи се секнала со луксузна хациенда на Попова Шапка со големина од 150м2 и истата не ја пријавила во анкетен лист? Како со чиновничка плата некој во Македонија може да се стекне со таков луксуз и зошто притоа тој луксуз не го пријавила? Дали не е пријавен тој имот затоа што тешко може да се докаже како е стекнат?

Ги повикуваме надлежните институции да го проверат целиот овој октопод кој се врзува со Артан Груби. Ковачевски очигледно молчи и се плаши било што да прокоментира, бидејќи функцијата му е дадена под кирија. Одговорност за криминалите на оваа власт на ДУИ, поддржана од СДС мора да има, се вели уште  во партиското соопштение.

Македонија

Мицкоски утре во посета на Кисела Вода, почеток на еден од четирите капитални проекти

Published

on

Вредност на проектот за реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во должина од 2,5 км и ширина 4 м изнесува 30.000.000 денари.

Утре, 07.03.2025 година (петок) во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на почеток на реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во с. Драчево во Општина Кисела Вода.

Вредност на проектот за реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во должина од 2,5 км и ширина 4 м изнесува 30.000.000 денари.

Ова е еден од четирите капитални проекти на Општина Кисела Вода кои се реализираат со средства од државниот буџет по првиот јавен повик за финансиска поддршка на општините.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

ВИДЕО: Показна вежба на специјалните единици – спасување патници од жичара

Published

on

Денеска во Скијачкиот центар Маврово во организација на Македонското здружение на спасители во скијалишта се одржа показна вежба со сценарио „Евакуација од жичарница“. Во рамки на показната вежба тимови од МВР од Специјалната антитерористичка единица – Тигар, Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални сили на армијата „Волци“ вршеа безбедна евакуација на жичарницата која прекинала да работи.

Во сценариото на вежбата жичарницата која вообичаено работи на електричен погон заради дефект прекинува да работи, не успева да профункционира ни дизел агрегатот кој треба да преземе и тогаш се повикуваат тимовите кои имаат такви специјалистички обуки, да извршат симултано и безбедно спуштање на патниците коишто се затечени на жичарницата.

Целта на вежбата е унапредување на капацитетите на државата за справување со вакви кризни ситуации, засилување на соработката меѓу различни институции се со цел заштита и безбедност на граѓаните во вакви ситуации.

Continue Reading

Македонија

Протест пред пункт на ЕВН – граѓани реагираат поради високи сметки за струја

Published

on

Граѓаните револтирани од високите сметки за струја решија својот револт да го изразат со протест пред ЕВН во Бутел.

Тие велат дека секоја недела ќе организираат протести против компанијата која во текот на месеците декември и јануари на граѓаните им наплаќала високи сметки за струјата. Бараат итно да им се намалат сметките.

Регираше и ЕВН. Во соопштението за јавност стои:

Електродистрибуција инвестира во модернизација и унапредување на дистрибутивната мрежа, а во рамките на овие инвестиции целосно беше реконструирана мрежата и во Арачиново и Сингелиќ . И покрај инвестициите во овие региони граѓаните ја уништуваат опремата и диво се приклучуваат на мрежата што претставува кривично дело.
Кражбите на електрична енергија во овие населби се над 50%. Само во последните шест месеци има над 100 записници за кражби во присуство на МВР.
Кај дел од потрошувачите како резултат на овие инвестиции за прв пат се отчитува точно потрошена електрична енергија.

Електродистрибуција ги отчитува броилата секој месец, иако согласно Правилата за снабдување, компанијата има законска обврска да отчитува еднаш на три месеци. Процентот на отчитани броила на месечно ниво се движи околу 85%, а овој процент се зголемува на 95% и тоа во рок од само три месеци. Инаку годинава Бројот на барања за корекција на отчитани состојби во периодот декември 2024/јануари 2025 е за 20% помал отколку во периодот декември 2023/јануари 2024. Само 15% од барањата за корекција беа основани и за истите е извршена корекција на фактурите.
Како и досега, секој корисник има право да побара корекција на фактура телефонски, преку е-пошта и во приемните канцеларии во Корисничките енерго центри на Електродистрибуција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк