Connect with us

Македонија

Како шалтерски работник во семејната фирма на Груби станал сопственик на вносен бизнис

Очигледно криминогеноста е главнаа врска на СДС и ДУИ во владата. ДУИ и Груби наместо нервозно да реагираат треба на јавноста да и објаснат како тоа шалтерски работник во семејната фирма на Груби станал сопственик на фирма за баждарење на бензиски пумпи Метролаб и истата таа фирма 4 месеци од нејзиното формирање добила акредитација од Бирото за метереологија раководено од Мерита Мустафи, кадар на ДУИ? Како сопственикот на оваа фирма која влегува во вносен бизнис останал да работи уште извесно време како шалтерски работник во туристичката агенција на Груби? Дали Груби стои зад оваа опрација, а неговиот вработен е само параван?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

– Дополнително нешто коешто треба Груби и ДУИ да го одговорат е како истата таа дирекорка на Бирото за метереологија Мерита Мустафи се секнала со луксузна хациенда на Попова Шапка со големина од 150м2 и истата не ја пријавила во анкетен лист? Како со чиновничка плата некој во Македонија може да се стекне со таков луксуз и зошто притоа тој луксуз не го пријавила? Дали не е пријавен тој имот затоа што тешко може да се докаже како е стекнат?

Ги повикуваме надлежните институции да го проверат целиот овој октопод кој се врзува со Артан Груби. Ковачевски очигледно молчи и се плаши било што да прокоментира, бидејќи функцијата му е дадена под кирија. Одговорност за криминалите на оваа власт на ДУИ, поддржана од СДС мора да има, се вели уште  во партиското соопштение.

Македонија

Андоновски: Родителите да имаат увид во изборот на деца за мобилни апликации – кон корисни и образовни содржини

И покрај австралискиот преседан со законска забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години, Македонија засега цврсто стои настрана од радикални забрани. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потврди дека прашањето се разгледува, но изрази сериозни сомнежи во врска со примената и подготвеноста на општеството за ваков драстичен чекор.

„Секоја забрана треба да бидете свесни како ќе ја донесете, ќе има два ефекти. Ако не успеете да ја имплементирате до крај, таа ќе придонесе некои да се снаоѓаат, а некои да излезат целосно од контрола.“ – истакна Андоновски, потенцирајќи го ризикот од неефикасност и заобиколување на мерките.

Наместо да се посегне по забрани, министерот го гледа решението во едукацијата и интензивната работа со родителите. Според него, одговорноста е на семејствата да го насочат времето што децата го минуваат на мобилните телефони кон корисни содржини, а не кон бесцелни „натпревари“ и „губење време“.

Прашан за личниот став во врска со австралискиот закон, Андоновски беше директен и скептичен:

„Моето очекување е дека нема да успее проектот целосно, затоа што првите најави веќе покажуваат дека се наоѓаат начини преку технички уреди и врски да се заобиколат забраните.“

Министерот потсети дека во земјава веќе се работи на заштита на децата преку Центарот за побезбеден интернет. Тој децидно појасни дека секој социјален медиум веќе има возрасна граница под 16 години.

Ако родителите го имплементираат тоа кај своите деца, тогаш децата нема да имаат пристап до алгоритми и содржини кои се штетни за нив. Ако тоа не го прават родителите, многу е потешко државата да се меша во слободниот избор на секој граѓанин и семејство и да одлучува што смеат, а што не смеат.

Со ова, Владата ја префрла топката назад кај родителската контрола, сугерирајќи дека државната интервенција во приватниот семеен избор е последна и најтешка опција.

Continue Reading

Македонија

Собранието бара 30 нови соработници: Места за преведувачи и толкувачи со плати од 32.000 денари

Дури 33 нови позиции се објавени на Агенцијата за администрација, со што Собранието на Република Македонија отвора ново поглавје со масовен оглас за вработување.

Она што веднаш паѓа во очи се атрактивните плати, кои се движат од скромни, но сепак солидни 32.404 денари за помлад референт, па сè до импресивни над 53.000 денари за раководните позиции.

На самиот врв се позициите како Раководител на одделение за умножување и комплетирање на материјали и Раководител на одделение за поддршка на работата на претседателот на Собранието, каде примањата надминуваат 53.000 денари.

За поискусните, позициите Советник на комитетот за односи меѓу заедниците и Советник за толкување од македонски на албански јазик нудат плата до 47.303 денари.

Соработникот за информирање на јавноста на албански јазик и Преведувачот од македонски на албански и обратно може да очекуваат одлични 40.707 денари.

За Помладите соработници во секторите човечки ресурси, јазична редакција и канцелариско работење, предвидена е плата од 37.758 денари.

Помлад референт за мултилатерална соработка ќе добива плата од 32.404 денари, додека Техничкиот секретар ќе добива малку повисоки 32.714 денари.

Не е лесно да се влезе во Собранието. Освен задолжителното државјанство, полнолетство и здравствена способност, кандидатите мора да ги исполнуваат следниве, далеку построги услови:

  • Високо образование (со различни посебни услови во зависност од позицијата).

  • Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

  • Положен испит за административно управување.

  • Активно познавање на странски јазик: англиски, француски или германски.

  • За дел од позициите: Положен правосуден испит.

Дел од огласите веќе се пред истек, со првите рокови закажани за 13 декември, додека другите следат од па сè до 20 декември. Заинтересираните кандидати мора веднаш да аплицираат.

Сите детали и целосниот текст на огласите можете да ги најдете на веб-страницата на Агенцијата за администрација.

prijava.aa.mk/#/

Continue Reading

Македонија

Се поврзуваат Коридор 10 и Струма: Николоски најави забрзување на работите на експресниот пат кон Бугарија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска престојуваше во Струмица, каде присуствуваше на свечената седница посветена на патроните на градот – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. За време на средбата со градоначалникот, тој ја нагласи заложбата за реализација на едно од клучните инфраструктурни ветувања: директно поврзување на Коридор 10 со бугарскиот Коридор Струма.

„По локалните избори воспоставивме интензивна комуникација со градоначалникот и новата администрација, што веќе дава резултати. Наш стратегиски приоритет е изградбата на експресниот пат од Смоквица, преку Валандово, Струмица и Ново Село, до граничниот премин со Бугарија“, изјави Николоски.

Според него, Јавното претпријатие за државни патишта го финализирало проектот за една од трасите, додека втората е при крај. Владата, како што додаде, активно работи на обезбедување средства за целосна реализација на овој важен инфраструктурен зафат.

Николоски најави и широка поддршка за Струмица, најавувајќи дека Владата стои зад 14 значајни инфраструктурни проекти во општината. Дел од нив се изградба на две поголеми улици, десет се во процедура за избор на изведувач, а два се реализираат преку Министерството за животна средина.

Тој најави и нов работен состанок со локалното раководство, на кој ќе се дефинираат приоритетите за следниот развоен период на општината.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг