Мелани Тарчуловска наполни 18 години (Фото)

Ќерката на Соња и Јохан ТарчуловскиМелани вчера го прослави нејзиниот 18-ти роденден со голема роденденска забава.

Нејзината мајка, која е позната пејачка на македонска народна музика, ѝ посвети емотивна роденденска честитка.

May be an image of 1 person and cake

„Пред осумнаесет години, на еден убав ден како денешниот, се роди најубавото девојче, со прекрасни сини очиња. Тие беа најубавите очи кои сум ги видела. Најубавото чувство, најсилната емоција и најнежното битие во мојот живот. Го направи нашиот живот убав, и со голема гордост ти посакуваме најубави желби во твојот живот. Принцезо наша, среќна 18-ка. Добредојде во светот на возрасните“, напиша Соња Тарчуловска на Инстаграм.