Connect with us

Македонија

(Видео) Турскиот амбасадор: Пожртвуваноста на македонските војници ќе остане врежана во сеќавањата на турскиот народ

Published

on

Министерството за одбрана организира пречек на припадниците од специјалните сили на Армијата, кои учествуваа во хуманитарната спасувачка операција во Турција. Тие престојуваа 13 дена и помагаа во спасувачките акции, во кои извлекуваа жители на погодените градови од урнатините.

„Во трката со времето овие војници настојуваа да спасат човечки животи, а најголема радост беше спасувањето на 5-годишното дете од урнатините во Турција, беше посочено од страна на армиските власти во Македонија.

„Турција пред две недели ја доживеа најразорната природна катастрофа, Северна Македонија од првите мигови беше со нас“, истакна во своето обраќање турскиот амбасадор во Македонија, Хасан Мехмет Секизќок.

„Соединувајќи се во едно срце, Македонија со почитуваниот претседател, Владата, јавни институции и доброволни граѓани ги мобилизира сите свои можности за испраќање помош во регионот погоден од земјотресот. На самото место сведочевте на разорноста на земјотресот, ја споделивте длабоката тага на турскиот народ“, рече турскиот амбасадор.

„Храбри чеда на македонската армија, вашата пожртвуваност е врежана во меморијата на турскиот народ“, додаде тој.

На настанот на припадниците на Армијата им се заблагодарија и ги поздравија претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана – Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата – генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорот на Република Турција во Македонија – г. Хасан Мехмет Секизќок, и одбранбениот аташе на Турција во Република Македонија.

Армиски тим за заштита и спасување од Баталјонот за специјални сили, водачи и кучиња обучени за трагање учествуваа во спасувачката акција.

Македонија

Детална временска прогноза за викендов: Ќе се изненадите какви температури ја очекуваат Македонија овој викенд!

Published

on

За време на овој празничен викенд, односно утре (Велика сабота 19 април) и во недела ( 20 април Велигден), под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Утре (19 април Велика сабота), особено во Повардарието ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

И во Скопје и околината за најголемиот Христијански празник Велигден времето ќе биде стабилно, суво, топло и претежно сончево. Утре (19 април Велика сабота) повремено ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 25 степени, а во Повардарието тие очекувам да се искачат и до близу 30 степени. Во Скопје температурата очечувам да се искачи до околу 27 степени.

Уживајте во преубавото време за наголемиот Христијански празник Велигден, и нека е за многу години. И секако, искористете го максимално претежно сончевото време.

Метео Аларм – Славчо Попоски

Continue Reading

Македонија

Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој досега бил на лекување

Published

on

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во клубот “Пулс”, до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка куќен притвор во мерки на претпазливост за двајца осомничени во својство поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, а по прв пат се бараат мерки за претпазливост и за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување.

Како што се наведува во соопштението, замената на мерките е побарана врз основа на проценка на законските основи за обезбедување и фазата на проверки во однос на оваа институција.

Освен ова, се додава, за првпат по настанот побарани се мерки за претпазливост за уште едно лице од првата група осомничени, кое до сега било на лекување.

-Станува збор за лице од дискотеката, а мерките се предложени во согласност со неговата моментална здравствена состојба и потребата од натамошно лекување, стои во соопштението од Кочанското Јавно обвинителство.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март, животот го загубија 62 лица.

Извор: Курир

Continue Reading

Македонија

Огромни колони на „Богородица“ за влез во Грција – еве што се случува во моментов таму

Published

on

Голем метеж на „Богородица“ – патниците чекаат и до 40 минути за влез во Грција

Продолжениот викенд и Велигденските празници создадоа вистинска гужва на граничниот премин „Богородица“, каде што денеска се формираа долги колони од возила. Голем број граѓани решија да ги искористат неработните денови за краток одмор во Грција, што предизвика зголемена фреквенција и подолго чекање на граница.

Иако официјалните податоци на АМСМ наведуваат дека времето на чекање на „Богородица“ и „Дојран“ се движи од 10 до 15 минути, патници кои се на терен пријавуваат дека реалното задржување на „Богородица“ надминува и 40 минути.

Од АМСМ утрово информираа дека на „Табановце“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува 20 до 30 минути, што дополнително ја потврдува зголемената сообраќајна активност на граничните премини.

Главната причина за метежот е продолжениот викенд, бидејќи понеделник е неработен ден. Граѓаните очигледно го искористија празничниот период за кратко патување и релаксација надвор од државата, со што се создадоа застои кои не беа целосно очекувани според официјалните прогнози.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк