Возбудувања кај Лила во „Се или нешто“: 11 години не се случило ова (Фото)

Гејм шоуто „Се или нешто“ на телевизија Сител се емитува цели 11 години или 11 сезони по ред каде поминале стотици натпреварувачи.

Едни дошле кај Лила за дружење, други за да ја запознаат одблизу, трети да освојат некој денар. Надежта дека ќе го освојат милионот била најмала.

Иако многумина не веруваа дека вакво нешто ќе се случи, но игрите на среќа се непредвидливи, па така милионот две емисии по ред беше во кутијата на натпреварувачот.

Возбудата остануваше за крај откако ја прифаќаа понудата на банкарот. Прва беше тетка Летка која ја продаде својата кутија за 110 илјади денари и пропушти да биде милионерка, а следната емисија истото му се случи на пензионерот Бранислав кој ја продаде својата кутија на банкарот за 65 илјади денари.

Шок и разочарување!

Ова беа емисии каде се докажа дека навистина во „Се или нешто“ не е ништо наместено, она што е твое ќе си дојде, е сега храброста во двата случаи беше пресудна иако милионот јасно се знаеше дека е можно да биде кај нив.

Понудата на банкарот беше слатка, но на крајот и разочарувачка во споредба со милионот.

фото: ТВ Сител принтскрин, текст Вистина мк.