Принцезата се избламира со палачинки (ВИДЕО)

Војвотката Кејт Мидлтон пред цела јавност покажа дека не ја бидува за правење палачинки. Таа беше во еден старечки дом каде на присутните се обиде да им приготви палачинки.

Имено, на видеото кое стана вирално се гледа како Кејт се мачеше да го изгребе тестото од тавата, па на шега им порача на вработените да не кажуваат никому колку лошо го направила тоа.

Додека се обидувала да ја одлеши палачинката од тавата, изгледаше како палачинката да се распаѓа на два дела. На крајот принцезата успеала да „ослободи“ дел од палачинката за да се преврти, што предизвика овации од присутните во просторијата.

Во еден момент таа рече: „Видете, тука грешам, секогаш се трудам да ја свртам пребрзо!“.
Кралскиот коментатор Ричард Палмер исто така го сподели урнебесниот клип на својот официјален профил на Твитер со натпис: „Како да не се прават палачинки“.

Откако со мака ја направила палачинката, принцезата својот конечен производ го опиша како „дамка“, а потоа се шегуваше: „Дефинитивно немојте да ја јадете мојата палачинка“.

Потоа следуваше извинување од принцезата: „Жал ми е! Навистина не ве испочитував. Ќе сакате ли да им покажете како правилно се прават“, се обрати Кејт на готвачот.

Коментарите од јавноста беа поделени. Некои ја охрабруваа принцезата, додека други истакнуваа дека е „срамота да не знае едни палачинки да направи“.

„Како ги правиш на своите деца и дали некогаш нешто си им направила?“ „Срамота, таа само позира и се појавува на настани, друго не ја ни интересира“, забележаа некои корисници на социјалните мрежи.