ХАОС, ХАКИРАЊЕ И НЕРВОЗИ – Генералниот ДИРЕКТОР на ФЗО АСАНИ му ја „КИДНАЛ“ во САД на годишен одмор

По падот на системот, кој направи хаос во здравството, директорот не го прекина одморот за да се врати на работа. „Во тек на целиот престој бев во контакт и синхронизиран за дејствувањата со колегите од ФЗО“, посочува Ахмети.

Генералниот директор на Фондот за здравство Фатон Ахмети, кој додека е хакиран системот на ФЗО е отсутен од работа, сам се огласи да каже дека е во Америка. Тој посочува дека патувањето му било планирано пред неколку месеци и за таа цел го користи годишниот одмор. По падот на системот, кој направи хаос во здравството, тој не го прекина одморот за да се врати на работа.

„Како последица на многубројните дезинформации и со цел правилно информирање на јавноста, принуден сум да објаснам едно прашање. Престојувам во САД, на покана на Стејт департментот на САД, на програмата IVLP. Патувањето е планирано пред неколку месеци. Не сум на годишен одмор во САД! За коректност кон институцијата во која дејствувам, го користам годишниот одмор, а не можноста за службено патување. Мојот престој во САД е целосно финансиран од Стејт департаментот на САД. Ниту еден денар не е потрошен од државниот буџет! Во тек на целиот престој бев во контакт и синхронизиран за дејствувањата со колегите од ФЗО“, посочува Ахмети кој е втор директор покрај директорката на Фондот за здравство, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Грашковска неколку дена одбиваше да разговара со новинарите за тоа што точно се случило со компјутерскито систем на Фондот и што е направено за справување со хакерскиот напад. Пред неколку дена на боледување замина и Сашо Станчевски, директор на ИТ-секторот во Фондот за здравствено осигурување.

– На овој човек поради големиот стрес и притисок му се влоши здравствената состојба и замина на боледување пред неколку дена – рече директорката Грашкоска пред новинар