Погледнете како вежба ЈЕЛЕНА ЃОКОВИЌ за да остане во топ форма (Видео)

Сопругата на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена посветено се грижи за своето тело.

Видеото кое го објави таа воодушеви многумина, а се чини дека Јелена го прави секој чекор со леснотија, па цело време се смешка.

Инаку, Јелена неодамна откри како станала веганка.

-Почнав да размислувам како да преживеам три години студии, бидејќи немав пари да јадам во не знам какви ресторани, а не живеев ни во дом со кујна. Така, веганството започна од мака, рече тогаш таа.

Исто така, Јелена откри дека една од причините поради која станала веган е стравот од болест.

– Мислам дека луѓето се обврзуваат на поздрав начин на живот кога ќе им биде дијагностицирано нешто. Почнав и со веганство од страв од болест. И тоа е најлошиот начин за почеток и не би советувала никого да прави ништо од страв. Се трудам да не го правам тоа од страв, изјавила во таа прилика.