БРАВО ! Надгробната плоча на македонскиот револуционер Тодор Паница донесена во Скопје

Една обична викенд прошетка на виенските гробишта за двајца скопјани, историски ентузијасти се претвора во изненадувачко историско откритие.

Петар Кајевски и Дарко Стојанов со малку напор и многу среќа помеѓу 300.000 гробови сосема случајно наидуваат на спомен-плочата на македонскиот револуционер Тодор Паница. Плочата била во лоша состојба и пред отстранување, па тука започнала мисијата да се реставрира што побрзо и да се добијат потребните дозволи за да се пренесе. По 40 години плочата доби нов дом.

ТРОЈЦА МАКЕДОНЦИ ОД ВИЕНА ЈА НАЈДОА НАДГРОБНАТА ПЛОЧА НА ТОДОР ПАНИЦА И ЈА  ДОНИРАА НА МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА - Сакам Да Кажам

„Некако случајно ја пропуштивме Паница иако и двајцата имаме зборувано експлицитно да го побараме гробот на Тодор Паница и од негде се појави, од 300.000 гробови наидовме во вистинска секција. Луѓе на виенските гробишта се чудеа како до сега не била фрлена плочата. Тоа се спаси летото и пред околу месец дена се решив дека правото место за плочата е во Музејот на Македонија. Се поврзавме веднаш, ентузијастички, беше недела се договоривме веднаш, се поврзавме со Марија Милчин која ја знам лично од Виена и испадна дека е конзерватор на камен, во рок од една недела веќе плочата беше кај мене дома со потребните дозволи за да се извади од гробиштата, вели Петар Кајевски.

Текстот на плочата е всушност изгравиран на парче од друг поголем надгробен мермер и тежи околу 8 килограми. Прописите сега налагаат да се изработи копија од истата за гробното место во Виена.

„Кога ја гледаме историјата кои улогите на сите луѓе, кој е Паница, кои се неговите противници, сите се тоа приказни на кои има 101 перспектива и погледи, не еден. Тоа што би сакал да го подвлечам, во контекст на она што е вистинско време, е да поттикнам и други луѓе кои се во можност да најдат работи, кои имаат свои приватни колекции, да се потрудат некои од тие работи да ги донесат во институции и, како и да е, да бидат систематски зачувани во Македонија.“ , вели Петар Кајевски.

Тодор Паница бил учесник во македонското револуционерно движење, членувал во Македонската револуционерна организација, бил приврзаник на Серската група и е еден од основачите на ВМРО Обединета. Бил застрелан во виенскиот Бургтеатар од Менча Карничева, сопруга на Ванчо Михајлов, по негова нарачка.