Connect with us

Македонија

Чујте и почујте ! – Македонија ЌЕ ЛАНСИРА САТЕЛИТ во вселената!

Published

on

Пет земји од поранешна Југославија треба да лансираат заеднички сателит во вселената до средината на летото оваа година, со помош на Индиската вселенска агенција (ИСРО). Ова за порталот „Аваз“ го потврди Анес Хаџиомеровиќ, претседател на Центарот за образование, роботика, иновации и технологија (ЦЕРИТ) од Мостар.

Хаџиомеровиќ потсети дека пет организации кои се занимаваат со роботика, технологии, истражување на вселената и иновации од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна Гора и Македонија се приклучија на крајот на јуни минатата година во Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа (SESA), т.е. Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа.

Станува збор за заедничко лансирање на сателити во вселената, кое ќе се реализира благодарение на ИСРО, која кон средината на оваа година ќе лансира 75 сателити во вселената како дел од прославата на 75 години од независноста на Индија.

-Еден од нив е сателитот SESA или INDO-SESA од Индиската вселенска агенција која ќе лансира три ракети од по 25 сателити.

Ќе учествуваат и деца од регионот

Во заедничката сателитска мисија ќе учествуваат деца од целиот регион, бидејќи на крајот на ноември минатата година беше покрената кампања за деца од градинките и основните училиштада изработат ликовни творби на тема простор и да го испратат до надлежните организации, членка на СЕСА.

-Тие цртежи ќе бидат зачувани во сателитот што ќе го испратиме од Индија, така што нашите малечки ќе бидат дел од вселенската програма. Акцијата заврши во БиХ, Србија и Црна Гора, а се уште трае во Хрватска и Северна Македонија – ни изјави тој.

Инаку, Здружението СЕСА, заедно со ЦЕРИТ, го сочинуваат Комитетот за развој на вселенската програма од Нови Сад (Србија), вселенските истражувања на Црна Гора од Подгорица (Црна Гора), Јадранската воздушна асоцијација од Загреб (Хрватска) и Центарот за иновации и технолошки развој NAVIA од Скопје.

Македонија

Негувањето на Вевчанскиот карневал е традиција што нè прави посебни

Published

on

Со традиционалното дефиле под маски, денеска во Вевчани почна официјалниот дел од Вевчанскиот карневал, кој претставува едно од главните обележја на Вевчани за празникот Св. Василиј, односно Василица.

Во своето обраќање пред присутните, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакна дека  Вевчанскиот карневал е од особено значење за културниот и туристичкиот развој на нашата земја и дека негувањето на оваа традиција е она што нè прави посебни, она што ни дава идентитет и гордост.

„Секоја година, на Василица, овој карневал со својата над илјадагодишна традиција нè обединува сите нас, сите  добронамерници со карневалски дух од целиот свет. Ние сме горди на Вевчанскиот карневал бидејќи тој му порачува на светот дека македонскиот народ има обичаи и култура кои не изумираат, туку се пренесуваат од генерација на генерација. Министерството за култура и туризам и годинава, како и во годините што доаѓаат ќе продолжи со континуираната поддршка на овој наш национален бренд кој придонесува не само за културниот, туку и за туристичкиот развој на нашата земја“, рече Љутков.

Дефилето почна од почетокот на селото, движејќи се низ главната улица до центарот, каде што маскираните го вртат василичарското оро. Новата година, според Јулијанскиот календар, ќе биде дочекана вечер со огномет во центарот на Вевчани, а присутните ќе ги забавуваат „Љубојна“, Наум Петрески, оркестарот „Вевчани“, како и Перо Бели и Коки Биоритам.

Манифестацијата ќе заврши со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.

Continue Reading

Македонија

Успешна трансплантација на коска од починат донор на 13-годишно дете во Скопје

Published

on

На Универзитетската клиника за ортопедски болести во Скопје успешно беше извршена трансплантација со имплант, односно коска од починат донор, која беше имплантирана на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија. Ова е првпат во Македонија да се изврши ваков тип на трансплантација, а детето има уреден постоперативен тек, соопшти Министерството за здравство.

Министерството изрази благодарност и честитки до целиот тим кој го водеше процесот, предводен од д-р Даница Поповска и доц.д-р Илир Шабани, како и до сите здравствени работници кои учествуваа во оваа важна трансплантација, вклучувајќи д-р Лилјана Ангелеска, д-р Теодора Божиновска, д-р Филип Видоевски, инструментарките Сузана Пејчиновска и Арјета Мемети, анестетичарот Менка Дојчиновска, радиолошкиот технолог Крешник Шеху и гипсерот Ирена Галевска.

Проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, изрази благодарност и најави дека ќе продолжат со уште посилно темпо за подигнување на свесноста за трансплантацијата како највисок акт на човекољубие.

Continue Reading

Македонија

Акција на МВР: Приведени егзотични девојки

Published

on

Денес во 02.10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во угостителски објект во с. Добридол, гостиварско,

Од МВР информираат дека во објектот се пронајдени и приведени седум странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта на престојот. Од нив пет се од Бразил, една од Колумбија и една од Венецуела, на возраст од 22 до 34 години. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк