Connect with us

Македонија

Фатмир Меџити – кандидат за министер за здравство, да објасни како ОД БАРАКА прави ЛУКСУЗНА ХАЦИЕНДА од 336м2 во Тафталиџе, до Таравари

Фатмир Меџити треба на јавноста да објасни како од една скромна барака во моментот гради една голема хациенда од 336 метри квадратни, ни помалку, а ни повеќе во елитната скопска населба Тафталиџе и ни помалку, ни повеќе како прв комшија на Арбен Таравари, вели потпретседателот и пратеник Александар Николоски на денешната собраниска седница на која се дискутира за именување на нов министер за здравство.

Николоски со фотографии објасни како изгледа политичката корупција, повикувајќи го кандидатот за нов министер за здравство од Алијанса на Албанците Фатмир Меџити да објасни пред јавноста како од сите локации во градот Скопје одбрал локација токму карши со подарената куќа на неговиот пријател и претседател на партијата Арбен Таравари.

Како на улица Бриселска 18А гради хациенда од 336 метри квадратни, еве можете да ја видите од една перспектива, и еве од друга перспектива. Ова е како изгледа политичката корупција во Македонија и треба да објасни Фатмир Меџити како од сите локации во градот Скопје одбрал локација токму карши со подарената куќа на неговиот пријател и претседател на партијата Арбен Таравари. Вака почитувани пријатели изгледа политичката корупција, потенцираше Николоски покажувајќи фотографии од новата хациенда во сопственост на Меџити.

Политичката корупција изгледа подарени и ново кренати куќи и хациенди една спроти друга на улицата Бриселска. Од едната страна Арбен Таравари, од другата страна Фатмир Меџити. Жал ми е што претседателот на владата не е тука да одговори како е возможно вакви хациенди да се креваат во најелитната скопска населба и такви луѓе да предлага за министри, потенцираше тој и праша кој е моралниот кредибилитет на Меџити да биде кандидат за министер за здравство кога крева ваква хациенда.

Кој е моралниот кредибилитет на Фатмир Меџити да биде кандидат за министер за здравство кога крева ваква хациенда, повторувам ни помалку, ни повеќе наспроти куќата која што подарена на неговиот пријател и партиски претседател Арбен Таравари. Ова е тоа што во моментот се случува во Тафталиџе во Скопје и вака изгледа политичката корупција во редовите на владата на СДСМ и ДУИ во која што се обидуваат да влезат, рече Николоски.

Македонија

Николоски: Македонија е пример за почитување на мајчиниот јазик на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската заедница како најголема цивилизациска придобивка, рече заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик.

“Има многу заднички што можеме да кажеме и заеднички да споделиме меѓу двата народи и двете држави, а секако наставата на мајчин јазик е најголемата цивилизациска придобивка која што еден народ може да ја има. Горд сум што можам да кажам дека Македонија тоа го овозможува на сите припадници на турската заедница, на турскиот народ кој што живее во Македонија и ова е нешто што треба заеднички да го градиме и надградуваме затоа што нашите јазици коегзистираат со векови и тоа е цивилизациска придобивка која мора да ја надградуваме со децениите и вековите кои што доаѓаат пред нас. 

Нема поблизок народ за мекедонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и затоа треба да заеднички да создаваме уште подобри услови за изучување на турскиот јазик и наставата на мајчин турски јазик. Нека е со среќа и да е за многу години, а ние заеднички да го зајакнуваме партнерството меѓу македонскиот и турскиот народ”- се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Continue Reading

Македонија

Поради густата магла откажани сите летови од Меѓународниот аеродром Скопје

Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје денеска е целосно прекинат, откако поради густата магла и значително намалената видливост беа откажани сите планирани летови, соопштија надлежните служби.


Од раните утрински часови, аеродромот не реализира ниту полетувања, ниту слетувања, а сите редовни летови на повеќе авиокомпании, меѓу кои Wizz Air, Turkish Airlines и Croatia Airlines, се откажани или пренасочени кон алтернативни аеродроми во регионот.


Според информациите од управувачот на аеродромот, ТАВ Македонија, густата магла ја намали видливоста под безбедносниот минимум за нормално одвивање на авионскиот сообраќај, поради што е донесена одлука за целосен прекин на летовите сè додека не се подобрат временските услови.


Дел од авионите што требало да слетаат во Скопје биле пренасочени кон аеродромите во Охрид, Приштина, Софија, Солун и Тирана, додека патниците се известуваат да не доаѓаат на аеродромот без претходна проверка на статусот на нивниот лет.


Од ТАВ апелираат патниците редовно да ги следат официјалните соопштенија и да стапат во контакт со своите авиокомпании за дополнителни информации и евентуални промени во распоредот, бидејќи маглата и понатаму ја отежнува воздушната навигација.

Continue Reading

Македонија

М-НАВ ја заврши целосната демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје

Соопштение за јавност

М-НАВ денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Работите беа реализирани во период со магла и намалена видливост, кој беше оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај.

Со оваа фаза се заокружува процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар, како предуслов за понатамошните активности поврзани со инсталацијата на новиот модерен радарски систем.

М-НАВ и понатаму останува целосно посветен на безбедноста и континуитетот на воздушниот сообраќај, како и на навремена и професионална реализација на сите планирани активности.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг