Connect with us

Свет

МУ ЈА АМПУТИРАЛЕ ЕДНАТА НОГА, А ДРУГАТА КАКО ДА ЈА НЕМА- 13 годишно момче поминало голгота под урнатините, неговата сестричка засекогаш останала заробена

Тринаесет годишното момче Бедирхан го преживеа земјотресот, но животот после него никогаш нема да му биде ист.

На младото момче му била ампутирана едната нога, додека на другата има три скршеници и истата му е во гипс.

Ова момче под урнатините ја загубил и својата постара сестра, а преживеал заедно со својата мајка, додека неговиот татко не бил во градот додека бил потресот.

Уништен од веста за смртта на неговата ќерка, таткото кој работел во Газиантеп се вратил во родното место кое било срамнето со земја каде дознал за голготата која ја поминал неговиот син.

Турската новинска агенција „IHA“ сега направи репортажа од таткото и 13 годишниот син кој е подготвен за новиот живот по страшната траума и тешка операција.

Свет

Ердоган: Мирот во Украина не е далеку

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изрази оптимизам дека мирот во Украина е поблиску од кога било, по неговата билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин одржана во Туркменистан. Според Ердоган, засилените дипломатски активности предводени од Москва и Вашингтон отвораат простор за конкретен мировен процес.

Во изјава за новинарите по враќањето од посетата, Ердоган посочи дека Анкара е подготвена активно да се вклучи во напорите за постигнување мир и дека очекува разговори и со американскиот претседател Доналд Трамп за можен мировен план. Тој нагласи дека Турција позитивно гледа на дијалогот инициран од Вашингтон и смета дека актуелниот момент е поволен за дипломатско решение.

Ердоган истакна дека средбата со Путин била фокусирана на војната во Украина, тековните конфликти и потенцијалните чекори кон деескалација. Притоа, биле разгледани и конкретните придонеси што Турција може да ги даде во мировните напори, имајќи ја предвид нејзината позиција и улога како регионален и меѓународен посредник.

Турскиот претседател додаде дека позицијата на Анкара е добро позната и разбрана од сите страни вклучени во конфликтот. Според него, и Москва и останатите релевантни актери се свесни за ставот на Турција, кој се темели на поддршка на дијалогот и дипломатското решавање на кризата.

Осврнувајќи се на регионалната безбедност, Ердоган предупреди дека Црното Море не смее да стане простор на геополитичко надмудрување. Тој нагласи дека стабилноста, безбедноста и слободата на пловидба во овој регион се од заеднички интерес и за Русија и за Украина, но и за пошироката меѓународна заедница.

Continue Reading

Свет

Берлин распоредува германски војници на источната граница на Полска

Германија ќе испрати контингент војници во Полска со цел да помогне во зајакнувањето на безбедноста на источната граница, во време на зголемена загриженост поради безбедносните закани од Русија.

Како што соопшти портпарол на германското Министерство за одбрана, ангажманот на припадниците на Бундесверот ќе биде ограничен на инженерски задачи. Тие ќе работат на изградба на утврдувања, копање ровови, поставување бодликава жица и изработка на противтенковски пречки.

Контингентот ќе брои околу 50 војници, а мисијата е планирано да започне во вториот квартал од наредната година и да трае до крајот на 2027 година.

Од Министерството нагласуваат дека за ова распоредување не е потребно одобрување од германскиот парламент, бидејќи војниците нема да бидат изложени на директен вооружен конфликт или ризик по нивниот живот и здравје. Вообичаено, секое испраќање германски сили во странство бара парламентарна согласност, освен во вакви случаи.

Полска, која важи за еден од најгласните поддржувачи на Украина во конфликтот со Русија, во мај најави дополнителни мерки за зајакнување на границите со Белорусија и руската енклава Калининград.

Continue Reading

Свет

Напади со хиперсонични ракети ја затемнија Украина, Зеленски обвини за таргетирање на цивили

Илјадници жители во Украина останаа без електрична енергија по серијата ноќни напади што руските сили ги извршија врз повеќе региони во земјата, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според неговите изјави, во нападите биле оштетени над десетина цивилни објекти, а прекин на струја е регистриран во најмалку седум региони. Зеленски оцени дека станува збор за намерни удари врз цивилната инфраструктура, со цел да се предизвика страдање кај населението.

„Важно е светот јасно да види што прави Русија. Очигледно е дека таа не тежнее кон завршување на војната, туку кон уништување на Украина и нанесување најголема можна болка на украинскиот народ“, порача украинскиот претседател.

Од руската страна беше потврдено дека во нападите биле користени хиперсонични ракети, но не беа објавени информации за евентуални цивилни жртви. Нападите се дел од континуираната офанзива, која предизвикува зголемена загриженост за безбедноста на цивилното население и критичната инфраструктура.

Украинските служби работат на проценка на штетите и постепено враќање на електричната енергија во погодените подрачја, додека Зеленски упати повик за засилена меѓународна поддршка, како во одбраната, така и во хуманитарната помош.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг