Не е се’ така црно во здравството – Има и професионалци и луѓе со срце

-Со овој пост изразувам голема благодарност на екипата на Брза помош и дежурниот кардиолог во,, 8-ми септември,, ( од настанатата ситуација не успеав да им ги разберам имињата). Имено, екипата на Брза помош по дојавата дека мојата мајка има симптоми на срцев удар пристигнаа за 5 минути и со мобилен екг ја констатираа состојбата, по што веднаш ја пренесоа до,, 8-ми септември,, каде докторот кој беше во ургентно одделение откако констатира дека се работи за срцев удар веднаш со перфектна организација го обезбеди дежурниот кардиолог кој го изврши зафатот и го спаси животот на мојата мајка. Од моментот на повикот до Брза помош до моментот на кардиолошкиот зафат поминаа помалку од еден час. ВИ БЛАГОДАРАМ И ПОКЛОН ДО ЗЕМЈА.