Реакции за фотографија на Костадинов – на неа има нацистичко знаме!?

Лидерот на Третиот Рајх и нацистичка Германија Адолф Хитлер и знамето на германските нацисти се појавува на фотографија од манифестација финансирана од владата на Република Македонија, пишува Експрес.мк

Фотографијата на која е Хитлер и нацистичкото знаме ја објавува градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов како дел од ,,Струмичкиот карневал”.

Покрај Хитлер на сликата се појавуваат и луѓе маскирани како Ататурк, Гадафи, Кралицата Елизабета а Костадинов е маскиран во Јосип Броз Тито.

Маскирање во негативни личности од историјата за време на карневали не е непознат феномен во светот но промоција на фотографии со ликот на Хитлер и нацистичкото знаме од страна на активен политичар може за многумина, особено за Евреите, да биде доживеано како промоција на едно од најголемите зла во историјата на светот.

Струмичкиот карневал е финансиски поддржан од министерството за култура на Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ.