Connect with us

Македонија

Ни за ПАРИЧНА НАГРАДА не може да се најдат работници

Две светиниколски текстилни компании понудија парична награда од по 5000 денари за секој вработен што ќе донесе нов вработен во нивните фирми. На овој чекор се одлучиле поради зголемените нарачки и поголемиот обем на работа, а по препорака на германските партнери, каде овој модел е одамна востановена пракса. Сепак и после 5 дена, на огласот за вработување се пријавиле само повозрасни неквалификувани работници.

– Не е оној квалитет на работници кои ние ги очекувавме. Доаѓаат повеќе луѓе за рачна работа, кои не се нафаќаат да работат на машина, кои немаат искуство за машинска работа- изјави Ангел Димитров, сопственик на ТК „Мода“ – Свети Николе.

Светиниколчани велат дека веќе е доцна да се бара работна сила, зашто најголем дел од младата популација заминала во странство.

– Во Свети Николе нема луѓе, целиот млад кадар е заминат.

– Сите избегаа во странство, кои во Италија, кои во Швајцарија, кои во Германија. Има потреба од работници, но личниот доход е мал и затоа бегаат.

– За подобар живот. Еве останаа куќи празни, улици празни- Анкета жители на Свети Николе.

Работодавачите велат дека мора да бидат креативни и да понудат стимулации за вработените, како зголемување на регресот за годишен одмор, а како опција ја разгледуваат и можноста за враќање на вработените кои заминаа на работа во ТИР зоните.

– Веќе платите во ТИР зоните не се значително подобри од нашите плати и ако се земе во предвид начинот на работа таму, каде се работи „на нога“ цел ден, мислам дека може да се случи да почнат да се враќаат работниците во нашите компании- додаде Димитров

Странските партнери веќе ги рекламираат своите производи дека се изработени во Македонија, односно, на тлото на Европа, што носи додадена вредност и во нивен интерес е работниците да се мотивираат и задржат во домашните фирми.

Македонија

Автошколите под лупа: Дали договарале цени за обука на возачи?

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) фрли сенка врз работата на авто-школите во земјава, откривајќи индиции за можно картелско договарање на цените за обука на возачи. Одлучувачката Комисија за прекршоци при КЗК соопшти дека извршила голем, интензивен увид во повеќе од 40 авто-школи ширум Република Македонија. Целта е утврдување можни драстични прекршувања на Законот за заштита на конкуренцијата.

Она што го откри комисијата е многу сериозно. При увидот, се појавиле силни индиции кои упатуваат на усогласено однесување на авто-школите, односно нелегален картелски договор при формирањето на цените за кандидатите за возачи.

Ова потенцијално претставува директно кршење на клучниот член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата, кој го забранува договорното однесување кое ја попречува или ограничува конкуренцијата.

Комисијата нема да застане тука. Тие најавуваат интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите факти поврзани со ова сомнително однесување.

Доколку истрагата го потврди постоењето на забранетото договорно дејствување – односно дека авто-школите им штетеле на граѓаните со вештачки надуени цени – КЗК порачува: ќе бидат преземени најостри мерки согласно законот.

Комисијата е посветена на заштита на фер пазарот и на интересите на потрошувачите – порачаа од КЗК, најавувајќи дека случајот ќе го следат до крај.

Continue Reading

Македонија

Голема полициска акција во Прилепската болница – има уапсени

finansiska

Финансиската полиција денес изврши апсење на лице директно поврзано со Општата болница во Прилеп.

Според информациите, станува збор за сериозен криминал – проневера на вртоглава сума од околу 16.000.000 (шеснаесет милиони) денари од болничките сметки.

Иако засега надлежните институции молчат и не изнесуваат официјални детали, истрагата е во тек.

Повеќе детали за овој скандал се очекуваат во текот на денот, веднаш по официјалната потврда од истражните органи.

Извор: Прес24 

Continue Reading

Македонија

Туфегџиќ: Ревизија на предметите во ОЈО клучна за враќање доверба во правосудството

Вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, адвокатот Владимир Туфегџиќ истакна дека новоизбраниот јавен обвинител треба итно да спроведе ревизија на проблематични предмети во Јавното обвинителство.

„Новиот јавен обвинител веднаш да спроведе контрола на законите во неколку предмети на сите обвинители по случаен избор. Ќе испливаат на површина обвинители кои имаат хроничен проблем со обвиниение, со начинот на постапување, со менаџирање на постапка, со прибирање на докази. Јавното обвинителство ќе добие реална слика кој како постапува, и ќе видите дека шест месеци колку трае истрага, во голем дел не е преземено ниту едно дејствие“, рече Туфегџиќ.

Адвокатот нагласи дека ревизијата е клучна за враќање на довербата на јавноста во работењето на обвинителството.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг