ЦЕЦО, ТИ ЛИ СИ? Ражнатовиќ го смени ЛИЧНИОТ ОПИС – стана “плавуша”

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска се појавила на снимањето на новата емисија на „Ѕвезде Гранда“ во сосема ново издание.

Имено, Цеца ја променила бојата на косата и во прв момент многумина не ја препознале. Ражнатовиќ го освежила својот изглед со посветли тонови на косата, а според мислењето на многумина оваа фризура одлично и прилега.

Оваа недела пејачката реши да облече светкаво кратко фустанче, кое го усогласи со длабоки розови чизми и чанта во иста боја.

Видно расположена таа ги поздравила насобраните медиуми и со насмевка на лицето влегла во студиото „Ѕвезде Гранда“.