Владиката Петар отвора телевизија во Скопје?

Владиката Петар ќе отвора телевизија, откако добил дозвола за тоа од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за нова телевизија на релгионално нив во Скопје, објави Фактор.мк

Барањето за дозвола го поднела компанијата „Преобразба“, а нејзин основач, сопственик и управител е Петар Каревски.

Фактор пишува дека дозволата издадена од АВМУ е за телевизија со општ формат, како што се претежно сите телевизии во Македонија. Треба да се емитува преку кабелските оператори на регионално ниво во Скопје кое ги опфаќа и и општините Чучер Сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште. Скопскиот регион е најголем и економски најјак.

Но, за старт на телевизијата е потребно правното лице, односно фирмата на Владиката да ги исполни условите, кои бараат прилично голема инвестиција.

Владиката Петар изминатиов период во јавноста го обвинуваше Бигорскиот манастир дека му се мешале во ингеренциите во епархијата, па оттука лоѓично е прашањето зошто изборот за работа на телевиизјата е Скопје, а не Битолскиот регион, каде тој е владика.

Со оглед на тоа дека станува збор за општо формат на програма, тоа подразбира и информативна програма, што може да биде прилично дискутабилно со оглед на улогата во општеството што ја има сопственикот на телевизијата.