Кавга во домот на Наум и Зуица (Видео)

Едни од најскапоцените украси на круната на македонската естрада се веројатно токму тие: филигранскиот раскош што преку своите гласни жици ни го дарува Наум Петрески и бисерната лелеава прецизност што е составен дел од песните на Зуица Лазова, пишува Република.мк.

Dojdi - Zuica Lazova

Кога Бог ја делел дарбата за пој, изгледа пред нив му се истурила вреќата. Деновиве до нас стаса информација за кавга во нивниот дом , имено копјата се кршеле на тема која балада е поубава: „Без тебе“ на Наум или „Дојди“ на Зуица.

Авторскиот тим „виновен“ за создавање на овие две балади е истиот: Соња Дојчиновска одговорна за текстот и музика и Златко Миладиноски за аранжманот.

Можеби тоа дополнително влијае на изедначеноста во оваа „мртва трка“. Неодлучноста на оваа тема продолжи и во нашата редакција, затоа одлучивме да ви ги понудиме и вам, како дневно музичко мени, со надеж дека ќе излеземе од магичниот круг на изедначеност.