Заминале на одмор во Солун – пронајдени мртви по несреќата во Лариса

Телото на студентката Анастасија, која беше прогласена за исчезната по судирот на патнички и товарен воз во Грција, беше пронајдено во остатоците од возот. До неа беа пронајдени телата на нејзините братучетки близначки Томи и Криса, кои беа идентификувани со ДНК анализа.

Трите студирале во Солун и решиле за време на продолжениот викенд да отпатуваат во родниот град.

Сите три биле во патничкиот воз во моментот на несреќата и за жал го загубиле животот, пишува Прототема.

Родителите на близначките, кои случајно се сопственици на познат ресторан, морале да отпатуваат во Лариса за да дадат примерок од ДНК, преку кој било утврдено дека починатите девојчиња се нивните ќерки.

Да потсетиме, во сударот на два воза во Грција загинаа најмалку 43 лица, а околу 80 се повредени. Надлежните соопштија дека несреќата била предизвикана од човечка грешка, а шефот на станицата Лариса е уапсен и обвинет за убиство од небрежност.

Фото: Принтскрин/Фејсбук