Connect with us

Свет

Се противат на образование на девојчиња !? – СТОТИЦИ СРЕДНОШКОЛКИ ОТРУЕНИ во Иран

Published

on

Загрижени родители протестираа во иранскиот главен град Техеран поради серија напади со отров врз девојчиња во десетици училишта, според иранските новински агенции и видеа објавени на социјалните мрежи. Засега непозната болест погоди стотици ученички во последните месеци. Иранските власти веруваат дека девојките можеби биле отруени и ги обвинуваат непријателите на Техеран.

Иранскиот министер за здравство рече дека девојчињата „полесно се трујат“ во нападите, додека некои политичари рекоа дека можеби биле цел на тврдокорните исламистички групи кои се противат на образованието на девојчињата. Министерот за внатрешни работи во саботата рече дека иследниците пронашле „сомнителни примероци“ кои се проучуваат.

„Во теренските студии се пронајдени сомнителни примероци и се испитуваат за да се утврдат причините за болеста на ученичките, а резултатите ќе бидат објавени што е можно поскоро“, рече министерот Абдолреза Рахмани Фазли во изјавата што ја пренесе официјалната новинска агенција ИРНА.

Свет

Чернобил: На денешен ден пред точно 39 години, светот беше потресен од најголемата нуклеарна несреќа во историјата

Published

on

Чернобил, 39 години подоцна: Сеќавање на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата

На денешен ден пред точно 39 години, светот беше потресен од најголемата нуклеарна несреќа во историјата – експлозијата на четвртиот реактор во нуклеарната електрана во Чернобил, Украина. Несреќата се случи за време на тестирање на способноста на парната турбина да напојува пумпи за вода во случај на прекин на струја и губење на течноста за ладење.

Иако градот Припјат, кој се наоѓаше во близина на електраната, беше евакуиран следниот ден, властите не го информираа населението на Киев, каде што живееја околу два милиона луѓе. Светската јавност за инцидентот дозна дури откако во Шведска беше регистрирано зголемено ниво на радијација.

Несреќата започна со ненадеен пад на моќноста на реакторот, по што операторите го рестартираа реакторот и го продолжија тестот со недозволена конфигурација на контролните прачки. Ова доведе до сериозни електрични удари и дефект на клучни компоненти, што резултираше со експлозии и губење на системот за ладење.

Следеше пожар во јадрото на реакторот што траеше до 4 мај 1986 година, додека радиоактивните честички се ширеа низ Советскиот Сојуз и пошироко низ Европа. СЗО проценува дека околу 30.000 луѓе го загубиле животот поради директни и индиректни последици од катастрофата, додека над седум милиони биле изложени на радијација.

Првата жртва беше Валериј Кодемчук, техничар задолжен за водените пумпи во електраната. Во напорите за санација учествуваа околу 680.000 луѓе – војници, инженери, доброволци и новинари. Од 14 новинари кои известуваа од теренот, осум починаа како последица на изложеност на висока радијација.

Се проценува дека во експлозијата биле ослободени 400 пати повеќе радиоактивни материи отколку при атомската бомба фрлена врз Хирошима во 1945 година. Радиоактивниот облак достигна до северна и западна Европа, па дури и источниот брег на САД.

Градот Припјат, населен претежно со вработени од електраната и нивните семејства, беше целосно евакуиран. Според експертите, ќе бидат потребни повеќе од 3.000 години за овој град повторно да биде безбеден за живеење.

Continue Reading

Свет

Макрон: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот

Published

on

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека имал „многу позитивен“ разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски, дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот и дека таканаречената „Коалиција на волните“ под Франција и Велика Британија ќе продолжи да работи на постигнување на траен мир.

„Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот. Претседателот Зеленски ми го повтори ова денеска. Тој сака да соработува со Американците и Европејците за неговото спроведување. Сега останува на претседателот Путин да докаже дека навистина сака мир. Ќе продолжиме со нашата работа во рамките на Коалицијата на волните создаден во март во Париз, со цел да се постигне и прекин на огнот и целосен и траен мир во Украина“, напиша Макрон.

Continue Reading

Свет

Русите објавија фотографија, уапсен убиецот на рускиот генерал [ФОТО]

Published

on

ФСБ уапси осомничен за убиството на рускиот генерал Москалик

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека е уапсен Игнат Кузин, агент на украинските разузнавачки служби, под сомнение дека стои зад убиството на генерал-полковник Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на рускиот Генералштаб.

Според официјалното соопштение, Кузин (роден 1983) поставил експлозивна направа во „Фолксваген Голф“ во градот Балашиха, Московска област, при што загина Москалик (роден 1966). Експлозијата била активирана со далечински управувач и предизвикала оштетувања и на околните објекти.

Москалик важеше за еден од клучните руски воени команданти, со значајна улога во стратешкото планирање и во дипломатските преговори со Украина, особено во рамки на Нормандискиот формат.

Овој напад потсетува на убиството на генерал Игор Кирилов од декември 2024 година, исто така препишано на украинските служби.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк