Мизерно – Половина од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница треба да ни бира судии и обвинители

Половина од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 47,8 отсто од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители додека 36,1 отсто сметаат дека не треба.

Според етничката структура и Македонците и Албанците во мнозинство сметаат дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, со таа разлика што кај етничките Албанци потребата ја истакнуваат 62,4 отсто, а кај Македонците 42,7 отсто.