Connect with us

Македонија

Минималните трошоци во февруари 50.909 ДЕНАРИ, ПЛАТИТЕ СТОООО!

Published

on

Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.

Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци.

За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари.

Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.

Македонскиот народ живее во сиромаштија. Огромен број на семејства не можат да си дозволат да ги покријат ниту основните трошоци!

Македонија

Од недела започнува летно сметање на времето, часовникот оди еден час нанапред

Published

on

Летното сметање на времето ќе започне во недела (30 март) во 02:00 часот, така што со поместување за еден час нанапред времето во 02:00 часот, се смета како 03:00 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27. октомври во 03:00 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03:00 часот, се смета како 02:00 часот.

Одлука за воведувањето летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви.

Continue Reading

Македонија

Почувствуван земјотрес во Македонија

Published

on

zemjotres

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, во 06 часот и 04 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин, во соседна Република Грција, на 125 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Continue Reading

Македонија

Изет Меџити: Потребна е одговорност и превентивни мерки по трагедијата во Кочани

Published

on

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, учествуваше во хуманитарната акција за собирање донации за семејствата на жртвите од трагичната несреќа во Кочани. Во интервју за Канал 5, тој истакна дека е неопходно да се преземат одговорност и превентивни мерки за да се спречат слични трагедии во иднина.

„Ова е голема трагедија, а што и да се каже, е премалку. Ова нè обедини сите, не само во земјата како заедница и општество, туку и во целиот регион. Никој не можеше да поверува дека за миг ќе згаснат животите на млади луѓе на возраст од 14 до 24 години. Треба да извлечеме поука од оваа случка, да се преземат мерки и да има одговорност,“ нагласи Меџити.

Тој додаде дека во краток временски период имало неколку слични трагични случаи, па затоа е неопходно темелно да се ревидираат дозволите и лиценците за да се спречат вакви ситуации во иднина.

„Државата донесе одлука сите министерства и градоначалниците да направат ревизија на сите лиценци и дозволи за да се делува превентивно. Јавното обвинителство и судовите ја вршат својата работа и одговорните ќе одговараат пред законот. Ова е порака до сите што имаат одговорност – да работат со поголема внимателност и одговорност во рамките на своите надлежности,“ рече Меџити.

Тој исто така информираше дека Министерството за животна средина и просторно планирање започнало инспекциски постапки и ќе изрече казни за неправилностите, притоа давајќи им на одговорните субјекти рок од 10-15 дена да ги отстранат недостатоците, без да се блокира системот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк