Connect with us

Македонија

„Шќипмедиа“: „Убиениот Јетон Кривањева беше мафијаш, но и хуманист“

Published

on

„Убиениот вечерва во Скопје Јетон Кривањева беше мафијаш, но и хуманист.“ – напиша информативниот портал на албански јазик „Шќипмедиа“.

Во својата вест овој медиум дополнува: „Јетон Кривањева пред извесно време им подари 4 станови на сиромашни луѓе, кои се во неволја.“ Оваа вест медиумот ја придружува и со видео-снимка со изјава на семејство, кое „добило еден од тие станови“.

Информативниот портал на албански јазик „Без цензура“ објави дека, наводно, „пет лица облечени во полициски униформи и со маски на главите“ ги убиле двете жртви во оружениот инцидент.

Македонија

Временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија до крајот на оваа недела

Published

on

УХМР известува дека до петок времето ќе биде променливо облачно со повремени дождови.

Во попладневните и вечерните часови се очекува локална нестабилност, со пороен дожд и грмежи, а на некои места ќе има краткотрајно невреме со силен пороен дожд (над 15 л/м² за краток период) и засилен ветер.

Во сабота се очекува преодно стабилизирање на времето, а нови дождови ќе има во недела.

Continue Reading

Македонија

ВИДЕО: Гори автомобил на автопатот Тетово-Скопје

Published

on

ТВ21 на својот Инстаграм профил објави снимка на која се гледа автомобил во пламен на автопатот Тетово-Скопје.

Подетални информации се очекуваат подоцна. Погледнете го видеото:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TV21 Macedonia (@tv21hd)

Continue Reading

Македонија

Повеќе пари за пензионерите: Зголемените пензии стигнуваат овој месец!

Published

on

pari

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека зголемувањето на примањата на пензионерите ќе ја намали разликата меѓу најбогатите и најсиромашните граѓани. Тој потенцираше дека Владата не ги прифатила предлозите на Светска банка и на Меѓународниот монетарен фонд кои побараа зголемување на старосната граница за пензионирање, зголемување на ДДВ и воведување променливи даночни стапки. Рамниот данок останува определба на оваа владина гарнитура.

Повисоки пензии од утре добиваат сите пензионери во земјава. На сметките на над 300.000 пензионери ќе легнат зголемени мартовски пензии за 2.500 денари.

Со зголемувањето на пензиите од 2.500 денари во минатата есен, пензионерите веќе имаат поголеми примања за 5.000 денари за само 8 месеци. За 2025 година, во Буџетот се предвидени 1,715 милијарди евра за исплата на пензиите.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека зголемувањето на примањата на пензионерите ќе ја намали разликата меѓу најбогатите и најсиромашните граѓани. Тој потенцираше дека Владата не ги прифатила предлозите на Светска банка и на Меѓународниот монетарен фонд кои побараа зголемување на старосната граница за пензионирање, зголемување на ДДВ и воведување променливи даночни стапки. Рамниот данок останува определба на оваа владина гарнитура.

Инаку и платите на здравствените работници за март ќе бидат поголеми за 15%, а до крајот мандатот планирано е тие да бидат покачени за 40-50%.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк