Марш за еднакви права со транспарент – ,,ЦРКВАТА ДА ОДЈЕБЕ”

Не сакаме тава, сакаме права“, „Ќе преживеат ли жените овде?“… Со вакви транспаренти и свирчиња голем број жени, но и мажи се собраа на традиционалниот осмомартовски марш. Побараа подобра заштита и сигурност, социјална и здравствена правда. Се пожалија дека живеат во страв и неизвесност, а во Македонија и во 21 век владее родова нееднаквост.

Дека ветувањата тешко се исполнуваат говори и фактот што родовата застапеност 50-50 во законодавната и извршната власт беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ. И покрај тоа, од 20 министерски позиции, само 5 се жени. Во собранието, пак, има поголема бројка – 51 жена.

Споредено со регионот, Македонија не е најлоша, ама заостанува. Застапеноста на жените во владите од регионот се движи околу 30%.

Марш за женски права во Скопје - „Не сакаме тава, сакаме права“

Реакции стигнаа од социјалните мрежи