Connect with us

Македонија

СРЕЌЕН 8-ми МАРТ: Во дрим-тимот на ДУИ нема место за жени

Published

on

За време на предизборната кампања, партиите во земјава жените ги користат за кампања и за гласови, но при формирање на владата тие се оставаат настрана и многу малку се поставуваат на раководни позиции.

Со 62 гласа „за“, Собранието на 18 Јануари ја изгласа новата Влада на Република С. Македонија на премиерот Димитар Ковачевски, со мандат до 2024 година. Но и покрај декларативните заложби за родова рамноправност, новата извршна власт ќе има 21 член, ама само 4 од нив се жени.

Демократската унија за интеграција (ДУИ), Алтернатива и Демократската партија на албанците (ДПА), не поставија ниту една жена на овие позиции.

Застапеноста на жените е уште поскандалозна на позицијата заменик министер. Од вкупно 16 заменици-министри, само 2 се жени, односно соодносот меѓу мажите и жените е 8 спрема 1. Овде е испочитуван „етничкиот аспект“ бидејќи едната е албанка, а другата македонка.

Само неколку недели подоцна, на една панел дискусија на тема „Улогата на албанската жена во политиката во РСМ“, на која се зборуваше токму за застапеноста на жените во политиката, политичарките од албанските политички партии побараа поголема застапеност во раководните места и меритократијата. Политичарките потенцираа дека жените не бараат промени за да ги згазат мажите, туку сите заедно да придонесуваат за еднакво и успешно општество, во кое секој го добива она што го заслужува.

Ова не е ништо ново, според Билјана Котевска, истражувачка во Институтот за европски политики ЕПИ.

„Ако ја следиме оваа прогресија, тоа значи дека нас ќе ни требаат уште некаде 45 до 52,5 години за ние да стигнеме до неков паритет во владата што е само по себе страшно. Така што се чини дека многу бавно напредуваме. Некој магичен број ни е во последнава декада четири, претходно ни беше два и се вртиме само околу таа бројка и никако да напреднеме, повеќе од 4 жени министерки“, вели Котевска.

Жените во новата влада се Славица Грковска, која е назначена за вицепремиерка за борба против корупцијата. Славјанка Петровска е нова министерка за одбрана, Јована Тренчевска за труд и социјална политика, додека Бисера Костадиновска застана на чело на Министерството за култура.

Гледано по партии, во новата Влада 11 членови има СДСМ, 6 членови ДУИ, 3 Алтернатива и 1 ЛДП.

Повеќе ТУКА

Македонија

Падна член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, изнудувал пари со службени информации

Published

on

Министерството за внатрешни работи покажува дека нема милост кон криминалците и поднесе кривична пријава за член од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој тргувал со информации и изнудувал пари со тие информации, дознава „Нетпрес“. Станува збор за Ангел Самараков од Велес објави агенцијата Нетпрес.

Од Владата за агенцијата информираат дека борбата против криминалот е неселективна, и тоа што станува збор за член задолжен за обезбедувањето на премиерот е причина плус да се делува строго и според законите.

Во билтенот на МВР стои следнава информација за кривичната пријава и за настанот:

„На 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.

При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.

Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата.

Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ.

Од страна на ОВККИПС до ОЈО ГОКК на 31.03.2025 година ќе биде поднесена кривична пријава против А. С., за кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик“.

Continue Reading

Македонија

ФОТО: Километарски колони за влез во Македонија од Грција по завршениот продолжен викенд

Published

on

По завршувањето на продолжениот викенд, на граничниот премин „Богородица“ се создадоа долги колони на возила што се враќаат од Грција во Македонија. Најголеми гужви се создале во попладневните и вечерните часови.

Граничните служби работат со зголемен капацитет за да го забрзаат протокот на возила, но поради големиот број патници, и покрај напорите, се создаваат значителни задржувања. Слична ситуација е и на другите гранични премини со Грција, каде што возачите пријавуваат долги редици и продолжено време на чекање.

Овој пик во сообраќајот следи по неколкудневниот одмор што многу граѓани го искористија за патување во Грција, уживајќи во убавото време и пролетната атмосфера на туристичките дестинации.

Фото: Роберто Навали/ИГ

 

Continue Reading

Македонија

Стартува заедничката гранична контрола на заеднички граничен премин Долно Блаце-Елез Хан

Published

on

Стартува заедничката гранична контрола на заеднички граничен премин Долно Блаце-Елез Хан.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.

Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк