Уште еден скандалозен тендер од министерство предводено од министер од ДУИ кој најдобро се објаснува со народната изрека ,,Компир гледам, месо вадам” која асоцира на ситуација во која едно се гледа а друго се прави.
Според тендерот за кој нема објавена цена што е законска обврска Министерството за надворешни работи на Бујар Османи бара фирма за ,,услуги за дизајн и адаптација на визуелно решение за ПФД -Форум за сите потребни форми на презентација за настанот и изведба на сценографски елементи”.
МНР која воопшто не кажува за кој настан се зборува, иако бара фирма за дизајн во исто време бара фирмата да има шифра со дејност која е сосема различна од тоа што се бара како услуга.
Османи и неговите луѓе бараат шифрата на дејност да биде 73000000-2 односно ,,Услуги за истражување и развој и сродни консултантски услуги”.
Доколку во тендерот е се чисто тогаш МНР ќе бараше услови од фирма чија основна дејност е дизајн и визуелни работи односно која ја има истата шифра како бараната услуга.
Вака МНР речиси отворено покажува дека тендерот е конципиран со цел да го добие фирма која ги исполнува двата критериуми иако тие се делумно спротивставени еден на друг.
Во јавноста веќе се шпекулира дека целта на МНР и Османи е тендерот да го даде на фирма блиска на власта која за владина прошетка и презентација лани наплатила огромни сума пари.
Многумина во бизнис заедницата сметаат дека со вака поатавени услови без притоа да се наведе рамковна цена на тендерот тој се смета за веќе наместен и не гледаат логика други фирми да поднесат понуди.
Целиот тендер во продолжение:
I.1) Податоци за договорниот органI.1.1) Назив на договорниот орган: Министерство за надворешни работи на Република ѕ. МакедонијаI.1.2) Адреса: Филип Втори Македонски бр. 7I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000I.1.4) Интернет адреса:I.1.5) Лице за контакт: Зоран Богоески , адреса на е-пошта:zoran.bogoevski@mfa.gov.mk телефон/факс: 023110333/I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат: На горната адресаI.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност: Државни органи – Општи јавни услугиДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка: Набавка на услуги за дизајн и адаптација на визуелно решение за ПФД -Форум за сите потребни форми на презентација за настанот и изведба на сценографски елементи II.1.1) Објавување на проценета вредност НеII.2) Вид на договорот за јавна набавка: Услуги – Категорија на услуга број: 13
Рекламни услуги Консултантски услуги НеМесто на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: МНРII.3) Секторски договор НеII.4) Централно тело НеII.5) Групна набавка НеII.6) Електронски каталог: НеII.7) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Набавка на услуги за дизајн и адаптација на визуелно решение за ПФД -Форум за сите потребни форми на презентација за настанот и изведба на сценографски елементи, согласно техничка спецификација.II.8) Заеднички поимник за јавни набавки: Да
Основен предмет на јавната набавка-Главен поимник Шифра Опис 73000000-2 Услуги за истражување и развој и сродни консултантски услуги
II.9) Делива набавка НеII.10) Рамковна спогодба: НеII.11) Алтернативни понуди НеII.12) Времетраење на договорот: Период во месеци: 12 II.13) Претходна проверка на пазарот? НеДЕЛ III: ПОСТАПКА III.1) Вид на постапка: Поедноставена отворена постапкаIII.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: НеIII.3) Критериум за доделување на договор: Најниска цена
Демократското Движење продолжува да се шири со нови и докажани кадри, а неодамна ја доби поддршката од Општинскиот Совет на Оризаре во Општина Липково, кој претходно беше дел од ДУИ.
Во редовите на ДД се приклучија:
• Невзад Аспи – дипломиран правник, општински советник и поранешен претседател повеќе од 6 години на Општинскиот Совет на ДУИ-Оризаре.
• Азмин Шерифи – дипломиран правник, со над 16 години искуство во судскиот систем.
• Енвер Јашари – поранешен војник на ОНА и познат активист.
• Елнур Мемети – ангажиран во приватниот сектор.
• Егзон Саити – психолог.
Оваа група претставува комбинација на политичко искуство, професионализам и активизам, дополнително зајакнувајќи го Демократското Движење во регионот на Липково. Со овие засилувања, ДД има за цел да го зголеми своето влијание и да ја продолжи својата агенда за промени.
Започна потпишувањето на договорите на Развојна банка со деловните банки со што се заокружува постапката за пласман на 250-те милиони евра од унгарскиот заем кон компаниите. Договорите коишто ги одобри Владата на последната седница, се веќе потпишани од страна на Министерството за финансии и Развојната банка на Северна Македонија, соопштуваат од Министерството за финансии.
Станува збор за 250 милиони евра кои ги обезбеди Владата за поддршка на приватниот сектор, Условите се рокот на отплата да биде до 15 години, вклучен грејс период до 3 години, камата од 1,95 проценти, и без надоместок за одобрување и управување.
Средствата, согласно усвоените услови од страна на Владата и потпишаните договори, може да се користат за основни средства од страна на сите компании во сите сектори со исклучок на секторот производство или трговија на алкохолни пријалоци, освен на пиво и вино, производство или трговија со тутун, како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија. Исто така, средствата нема да можат да се користат за рефинансирање на претходни заеми.
„Со ова се покренува инвестициски циклус во приватниот сектор од над 250 милиони евра имајќи предвид дека корисниците на кредитите треба да учествуваат со 20 процети сопствени средства во реализација на инвестицијата. Средствата од страна на банките ќе се одобруваат и исплаќаат врз основа на доставена документација, во транспарентна постапка, која ќе овозможи и соодветна контрола на искористувањето на средствата, наведува Министерството за финансии.