Снимки од Масакарот во Хамбург во црква на Јеховини сведоци!

Најмалку шест лица загинаа вчера вечер во престрелка што се случи во црква во Хамбург. Според првичните информации седум лица се тешко повредени, а 18 од нив се здобиле со полесни повреди.

Кобните истрели биле испукани околу 21 часот. Според германските медиуми, крвопролевањето се случило во црквата на Јеховините сведоци на улицата Делбоге.

Сторителот или повеќе од нив побегнале од местото на злосторството. Полицијата повика да се избегнува загрозениот простор.

 Веднаш побарајте засолниште во зградите. Користете го телефонот само во екстремни итни случаи за да нема пад на телефонскиот сообраќај – се вели во соопштението на полицијата.

– Во моментов има голема полициска акција во Алстердорф. Ја истражуваме позадината на пукањето и наскоро ќе дадеме повеќе информации – соопшти полицијата.