Снежната бура од САД пристигнува на Балканот

Ледениот Армагедон“, снежната бура која ги зафати и ги парализираше САД и Канада во претходните месеци, пристигнува и во Европа, а според најавата на Хидрометеоролошкиот институт на Велика Британија се очекува да наврнат повеќе од 38 сантиметри снег на територијата на таа земја.

Она што ја прави ситуацијата крајно неизвесна е тоа што метеоролозите не можат со сигурност да проценат дали ледениот бран ќе се прошири и во остатокот од Европа.
Според досегашните најави, на Балканот ќе следи драстично влошување на времето, пад на температурата за 10 степени. Но, среќна околност е тоа што овој бран на Балканскиот Полуостров ќе биде краткотраен и нема да донесе временски проблеми од размерите кои се очекуваат во Велика Британија и на северот од Германија и Полска, каде температурата се спушта под нулата.
Метереолозите најавуваат пад на температурите и заладување во текот на утрешнот ден со можна појава на мраз во одредени делови од регионот и повторно затоплување на почетокот на следната недела.

Ноќта кон недела ќе биде релативно студена со голема ведрина, а во недела рано наутро се очекува земјен мраз во поголем дел од регионот, додека ќе има многу области каде температурата ќе биде околу -2 Целзиусови степени.