Жените од сега ЌЕ ПЛИВААТ СО ГОЛИ ГРАДИ ВО ЈАВНИТЕ БАЗЕНИ во Берлин

Жените сега ќе можат да пливаат топлес во базените во Берлин, објави вчера Друштвото за управување со базени во германската престолнина, одлука донесена во име на борбата против дискриминацијата меѓу жените и мажите.

Одлуката е одговор на Канцеларијата за борба против дискриминација во Берлин, откако една жена се почувствувала дискриминирана во однос на мажите кои пливаат без маица.

„По поднесената жалба, здружението Берлинер Бадер-Бетрибе ќе ги применува внатрешните прописи и прописите за пливање во базените за да се почитува родовата еднаквост“, соопштија од друштвото.

„Пливањето со голи гради сега ќе биде можно за жени или луѓе со гради слични на женската биста“, се вели во соопштението.

Службата за посредување против дискриминација е задоволна и ја поздравиле одлуката на градот Берлин.

„Сега таа регулатива треба да се спроведе во пракса и не може да се издаваат повеќе забрани или да се спречат луѓето да влезат“, рече директорката на таа служба, Дорис Либшер, во соопштението за медиумите.