Атина, мораш да го издржиш тоа! Хероjскиот живот на нашата спортска легенда

Нејзиниот живот е мотив за многу  документарни и еден игран филм. Ликот е овековечен во култниот филм „Исправи се Делфина“.

Храбрата охриѓанка, е и единствената жена во светот што го препливала Средоземното Море и застрашувачкиот канал Ламанш. Со овој подвиг таа си ја обезбеди титулата спортист на 20 век.

Родена е на 13 март 1944 година во Охрид и на 11-годишна возраст успева да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки, во слободен стил, делфин, освојувајќи го првиот Охридски пливачки маратон на 18 годишна возраст.

По завршувањето на маратонската делница Капри-Неапол, истата 1962 година станала и најмладата светска шампионка во маратонско пливање на солени води.

За своите постигнати професионални успеси добила огромен број награди и признанија, златни и сребрени медали и пехари.

Таа е наша гордост, жена со светска слава, младата девојка со која се гордееше Охрид на првиот Охридски пливачки маратон, жената која беше одликувана со орден за храброст од либанскиот претседател затоа што го преплива Средоземното Море, со Бејрутскиот маратон долг 42 километри, еден од најтешките маратони во светот.

Врвот на нејзината кариера го достигнала со препливување на каналот Ламанш на 9 септември 1969, препливувајќи ја патеката долга 50 километри за 13 часа и 20 минути.

Нејзиниот лик е овековечен во култниот филм „Исправи се Делфина“, снимен во 1977 година, а самата Бојаџи соработувала како актер снимајќи дел од сцените.

Извор: Слободен печат