Бугаринот Стојанов му се закани на Пендаровски: Наскоро ќе одговараш за твојот неонацизам!

Виктор Стојанов, докажаниот македономрзец и шовинист, воедно и претседател на бугарска фондација која редовно мешетари низ Македонија, денеска практично му се закани на Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

– Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, ја ослободи нацистичка Германија за смртта на 11.000 Евреи, префрлајќи ја вината на Кралството Бугарија. Нема место за нацисти во Европската унија! А Пендаровски ќе одговара посебно за својот неонацизам и наскоро ќе дознае! – напиша Стојанов на Фејсбук.

Пендаровски денеска истакна дека: „Никаде во Европа, морбидниот концепт наречен „конечно решение на Еврејското прашање“ не бил поефикасно спроведен отколку во тогашната окупирана Македонија. И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи“.