Connect with us

Европа

(ВИДЕО) Страшни сцени – Згмечени возила, мртви германски фудбалери

Published

on

Во сообраќајна несреќа кај Карлсруе загинаа четворица членови на германскиот фудбалски клуб „Алеманија 05“, поточно двајца фудбалери, физиотерапевт и поранешен фудбалер на тој клуб, како и лице од такси со кое се судриле членовите на клубот.

Според странските медиуми, тие се враќале дома од клубска забава. Трагедијата се случила на неколку десетици метри од просториите на клубот еден час по полноќ ноќта меѓу саботата кон неделата.

Имено, автомобилот со четворица од нив се излизгал и влегол на спротивната сообраќајна лента и се судрил со такси возило.

На лице место загинале возачот на автомобилот и тројца сопатници, а загинало и едно лице од таксито.

Во такси возилото покрај возачот имало и двајца браќа, а еден од нив загинал. Возачот и уште еден сопатник од таксито се тешко повредени.

Сите жртви во несреќата се на возраст од 25 до 29 години.

Европа

Русите се соочуваат со огромни проблеми во еден град во Украина, во иста ситуација се и украинските војници во Курск

Published

on

По осум месеци брутални урбани борби, рускиите сили ја презедоа целосната контрола врз градот Торецк на почетокот на февруари. Меѓутоа, еден месец подоцна, Украинците, предводени од 12-та бригада на Азов и поддржани од единиците на воената полиција, ја истуркаа руската Втора комбинирана армија од поголемиот дел од градот.

Пресвртот во Торецк се должи на два главни фактора: исцрпеноста на руските сили и украинската супериорност во беспилотните летала. Русија, која изгубила над половина милион војници и 15.000 возила, има потреба од одмор и закрепнување, додека Украинците, иако исцрпени, имаат предност во користењето на беспилотни летала.

Украинските беспилотни летала, како новиот модел „UAS SETH“, се поквалитетни и поотпорни на заглавување од руските. Овие автономни дронови кружат над бојното поле, автоматски се насочуваат кон целите и користат боева глава од 4,5 килограми за напад. Овие дронови не зависат од видео доводи и тешко се неутрализираат.

Руските војници во Торецк, со цел да избегнат напади од украинските беспилотни летала, започнале да користат мотоцикли наместо тенкови. Комбинацијата на исцрпеност и постојани напади со дронови објаснува зошто Русите се повлекоа околу Покровскоје, 50 километри југоисточно од Торецк.

Овие фактори исто така влијаат и на Украина, каде што во Курск, украинските сили се повлекуваат поради напади од напредни руски беспилотни летала.

Continue Reading

Европа

ГОРИ МОСКВА, НАЈГОЛЕМ УКРАИНСКИ НАПАД ДОСЕГА: Има загинати и повредени, дронови се урнаа врз главниот град на Русија пред зора

Published

on

Најголемиот украински напад со дронови врз Москва од почетокот на војната.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека Украина рано утринава извршила „масовен“ напад врз руската престолнина.

Според него, поради нападот биле затворени три аеродроми во московскиот регион, а избувнале пожари и биле оштетени станбени објекти.

Собјанин информираше дека биле уништени најмалку 69 дронови кои се приближувале кон главниот град на Русија.

– Екипите за вонредни ситуации се ангажирани на локациите каде што паднаа остатоците од дроновите – напиша московскиот градоначалник на „Телеграм“.

Според агенцијата „Ројтерс“, ова веројатно е најголемиот украински напад со дронови врз Москва од почетокот на војната, а најмалку едно лице загинало.

– Денес, во четири часот изутрина, започна масовен напад со дронови врз Москва и Московската област. Засега е познато дека едно лице загина, а тројца се повредени – објави на „Телеграм“ гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов.

Според „Дојче Веле“, неколку руски медиуми и профили на „Телеграм“ поврзани со безбедносните служби објавија видеоснимки од пожари што избувнале во станбените области на Москва по нападот.

Засега од Киев нема официјален коментар за нападот.

Снимките се споделуваат и на други социјални мрежи, а се тврди дека ова е досега најголемиот напад што украинските сили го извршиле врз руската престолнина.

Собјанин објави дека дронови биле соборени и над аеродромите во московските области Раменское и Домодедово, кои се наоѓаат 40 до 50 километри југоисточно од Кремљ.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека за време на масовниот украински напад врз Русија, вклучително и нападите врз Москва, биле соборени вкупно 337 беспилотни летала.

Според официјалните извештаи, над Москва биле уништени 91 дрон, додека 126 беспилотни летала биле соборени над Курската област, каде што украинските сили сè уште контролираат делови од руската територија.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Европа

Украина: Погодивме важна нафтена рафинерија во Москва

Published

on

Генералштабот на украинската армија соопшти дека во синоќешниот напад со дронови врз Русија погодиле „неколку стратешки објекти“, меѓу кои и „производствените капацитети на московската рафинерија за нафта“.

Московската рафинерија има годишен капацитет за преработка на 11 милиони тони нафта и обезбедува 40-50% од потребите на Москва за дизел и бензин.

Украинската армија тврди дека е погоден и производствениот погон во Орлов, важен за управувањето со нафтоводот што води до пристаништето во Санкт Петербург.

Претходно, Русија соопшти дека украинската армија извршила најголем напад со дронови досега, при што руската противвоздушна одбрана соборила вкупно 343 дронови, од кои шест во близина на нуклеарната централа во Курск.

При нападот загинаа најмалку три лица.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк