Connect with us

Македонија

Гентерм бара 200 работници – Нудат плата за оператори од 26.000денари

Published

on

Компанијата Гентерм Прилеп има потреба од 200 општи работници. Заинтересираните своите апликации за вработување да ги достават во Агенција за вработување (Битола ).

Просечна исплатена плата на оператор изнесува 26.000

Компанијата обезбедува Превоз и Храна

Македонија

ХОСПИТАЛИЗИРАНИ НОВИ 20 СЛУЧАИ Меѓу нив се и тројца пожарникари

Published

on

Со тоа и покрај преносот во странство бројот на хоспитализирани е околу 90 повредени и тоа во Клинички центар 60 лица, ГОБ 8 септември 17 лица и во Св. Наум Охридски 12 лица, рече директорот на Фондот за здравство и информираше дека вкупниот број на повредени кои се лекуваат во странство е 73.

Денеска се хоспитализирани нови 20 случаи, вклучувајќи три пожарникари, oбзнани директорот на Фондот за здравство Сашко Клековски на Фејсбук.

„Со тоа и покрај преносот во странство бројот на хоспитализирани е околу 90 повредени и тоа во Клинички центар 60 лица, ГОБ 8 септември 17 лица и во Св. Наум Охридски 12 лица.

На тоа треба да се додадат 8 повредени во Аџибадем Систина и 6 повредени во Жан Митрев. Денеска во странство се пренесени 24 повредени и тоа 13 во Србија, Словенија двајца повредени, Литванија четири, Бугарија еден, Австрија четири (Виена, Грац)“, пишува Клековски.

Тој информира дека вкупниот број на повредени кои се лекуваат во странство е 73.

„Во Србија едно лице е во КЦ Ниш, во ВМА се четири лица и КЦ Белград се осум повредени.  Се очекуваат нови транспорти ноќеска во Атина, Грција и Загреб, Хрватска“.

Директорот на ФЗО објави и дека денеска пристигна тимот од Израел од Шеба центарот.

„Тимовите од Чешка и Израел се во Клиничкиот центар во Скопје, а денес ги поздрави и Христијан Мицкоски, Претседател на Владата“, се вели во објавата.

Continue Reading

Македонија

Денеска ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ и Црна Гора

Published

on

Во земјава и денеска е ден на жалост за настрданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.

Во знак на сочувство за настраданите во пожарот во Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица, а над 150 се повредени и хоспитализирани, денеска ден на жалост прогласија Србија, Бугарија, Босна и Хрцеговина, а вчера и Црна Гора.

Српската Влада, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, го прогласи 18 март за ден на жалост. Во Србија на лекување  се испратени и дел од повредените во Кочани. Нив вчера ги посети претседателот Вучиќ, кој кажа дека во здравствените установи во Србија ќе бидат згрижени вкупно 29 повредени лица.

И бугарската Влада на вонредна седница донесе одлука денеска да биде ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија. Премиерот Росен Жељазков изрази сочувство до семејствата на загинатите и надеж за успешно закрепнување на повредените. Тој информира дека во моментов во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во болници во Софија, Пловдив и Варна. Искажа подготвеност за прием и на други повредени доколку има потреба.

Жељазков додаде дека трагедијата ги надминува секојдневните политички и општествени разлики. „Во вакви тешки моменти, човечките чувства и солидарност доаѓаат до израз. Верувам дека нашите народи ќе ги остават настрана дневните предизвици и ќе бидат единствени во овој ден“, изјави вчера премиерот на Бугарија.

Ден на жалост денеска е и во Федерацијата Босна и Херцеговина, а во текот на вчерашниот ден и во Црна Гора.

Continue Reading

Македонија

Здружение на бизнис жени од Грција обезбедува сместување за роднини на хоспитализираните во Солун

Published

on

Сместување за роднините на повредените лица од трагедијата во Кочани, кои се хоспитализирани во Солун, но и транспорт од сместувањето до болниците обезбедува Здружението на бизнис жени од Грција кои веќе имаат на располагање околу 20 соби и кревети.

Претседателката на Здружението Апостолина Цалтабаси во разговор со дописничката на МИА од Атина посочува дека ова е чин на човечност, хуманост, љубов и пријателство, но и најмалку што можеле да направат.

Грчкото здружение има долгогодишна соработка со Здружението на бизнис жени кај нас, а претседателката Цалтабаси објаснува дека кога во неделата наутро дознале за несреќата веднаш стапиле во контакт со нивните колешки во Скопје.

– И ние пред две години со железничката несреќа кај Темпи поминавме исто и знаеме колку е драматично да се загубат толку млади деца и толку неправедно. Ги прашавме веднаш дали можеме да понудиме некаква помош, дали материјално-техничка или што било друго, а во тој момент таму преовладуваше паника, раскажува Цалтабаси за МИА.

Откако го виделе соопштението на претседателката на Здружението на бизнис жени на Северна Македонија Валентина Дисоска, преку кое ги повика сите оние кои имаат потреба од престој во Скопје за да бидат блиску до нивните деца да стапат во контакт со Здружението и откако дознале дека во Солун се пренесуваат деца за лекување ја покренале иницијативата.

– Тоа навистина е чин на љубов, од срце. Најмалку што можевме да направиме е ако биде потребно родителите да дојдат, да им дадеме безбедност, дом, еден кревет, како соседи кои треба меѓусебно да се поддржуваме. Соодветно го информиравме и Конзулатот на Северна Македонија во Солун и Грчката амбасада во Скопје дека и просторот на нашето Здружение, нашиот бизнис хаб во Солун е на располагање на властите на вашата земја ако сакаат да отворат некој вид на оперативен центар за родителите чии деца ќе бидат тука. Ова беше чисто човечки, пријателски чин во чест на 18-годишната соработка и пријателство што го имаме со бизнисменките од Северна Македонија, истакна претседателката на грчкото Здружение.

Цалтабаси објаснува дека засега не се згрижени семејства на повредени, меѓутоа добиле телефонски повици од роднини на повредени за да се информираат.

– Во моментов имаме на располагање околу 20 соби и кревети за сместување на роднини на повредените, а секако потребно е да имаат соодветна потврда или документ да го потврдат тоа, од разбирливи причини. Многу од нашите членови нудат и транспорт од и кон болниците. Сакаме да направиме сè што е можно, за овој тежок момент да биде малку похуман, нагласува Цалтабаси.

Преку МИА, претседателката на Здружението на бизнис жени во Грција, порача дека сите роднини на повредени лица кои се хоспитализирани во Солун, можат да ги контактираат на телефонскиот број 00302310224440 за помош. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк