Connect with us

Македонија

Кумановка минува низ голгота: Купила СТАН кој НЕ ПОСТОИ, па остана без дом и без пари!

Во оваа зграда требаше да започне нова етапа во животот на Маја Данчевска, но…

Вака започнува сторијата на КЛАН која ви ја пренесуваме во продолжение:

„Како е можно да завршиме на улица со две мали деца, со кои навистина не знам каде ќе одам“ – изјави Маја Данчевска.

Инвеститорката Снежана Петрушевиќ заедно со сопругот Ѓоко Петрушевиќ наместо да градат според дозволата со која се дозволува изградба на приватна куќа, изградиле зграда со 12 стана. Од кои 7 продале, а меѓу тие 7 лица кои купиле стан е и Маја.

„Се договоривме, ние плативме 60% од вкупната цена за станот. Потпишавме купопродажен договор и во меѓувреме чекавме да се преселиме. Кога беше завршена зградата се вселивме и чекавме да заврши техничката процедура, како што велеше тааа, за да ни го предаде имотниот лист. Кога видов дека нема имотен лист, решив да отидам во катастар каде што ми рекоа дека на ова место нема зграда, таа е наменета за куќа и нема да можам да извадам имотен лист“ – изјави Маја Данчевска.

Откако Маја сфатила што се случува, сопственикот на зградата почнал да се заканува.

Заканите Маја ги пријавила во полиција, и иако и се вршел притисок не престанала да се бори за имотот кој го платила и не може да го користи.

Конечно, во 2017-та година Основниот суд Куманово одлучи да и го конфискува имотот на Снежана Петрушевиќ и да ја прогласи за виновна за бесправно градење.

Освен што и се конфискува имотот, ќе биде осудена и на две години условен затвор, но никаде не беше обвинета за измама и Маја остана и без пари и без имот.

Иако има правосилна пресуда за конфискација на имотот, сега веќе поранешниот сопственик бара Маја да го напушти објектот, а тоа изненадувачки е прифатено од судот. Тоа е така затоа што овој имот се уште не е впишан во катастар како одземен од државата, а од друга страна судот не го признава договорот потпишан на нотар помеѓу Маја Данчевска како купувач и Снежана Петрушевиќ како продавач, бидејќи објектот што е продаден легално не постои.

Се обидовме да добиеме изјава и од инвеститорот Снежана Петрушевиќ. Таа не беше дома. Нејзината мајка рече дека не знае ништо за случајот.

Маја е во овие правни лавиринти од 2014 година, а крајот може да биде болен за неа и нејзиното семејство.

Kumanovarja bleu banesën që nuk “ekziston”! (Video)

Европа

ЕУ најавува драстично заострување на миграциските правила — нови центри, затегнати контроли и затвор за одбиени баратели на азил

Европската Унија се подготвува да воведе најстроги миграциски мерки во својата историја, како одговор на растечки политички притисоци и зголемени миграциски текови, јавува регионалниот портал.

Што предвидуваат новите мерки?

Предлог-документот предвидува формирање на „центри за враќање“ (detention/return camps) надвор од територијата на ЕУ, каде што мигрантите со одбиено барање за азил ќе бидат сместувани и брзо враќани во безбедни држави.

За оние кои одбиваат доброволно да ја напуштат Унијата, се предлагаат две опции: долг притвор или присилно отстранување.

Како цел на овие мерки се наведува — „враќање на контрола“ над миграцијата и спречување на нелегалните влезови во Унијата.


Реакции и критики

И покрај падот на незаконските преминувања за околу 20 % во последната година, дел од земјите членки усвојуваат поостри позиции. Европскиот комесар за миграција изјави дека „ЕУ мора да функционира побрзо и поефикасно” за да ја врати довербата на граѓаните.

Сепак, мерките наидоа на остра критика од организации за човекови права, кои предупредија дека вакви политики ја зголемуваат ранливоста на мигрантите, отвораат можност за кршење на човековите права и создаваат „правна сива зона“ за илјадници луѓе.

Некои земји – како Франција и Шпанија – ги изразија своите сомнежи за законитоста и практичноста на предлог-центри надвор од ЕУ, предупредувајќи дека ваквите решенија веќе покажале дека можат да пропаднат.

Какво значење имаат новите мерки?

Ако се усвојат, овие правила најверојатно ќе претставуваат голема промена во миграциската политика на ЕУ — од политика на интеграција и азил, кон политика на строги контроли, затворање и враќање.

Тоа значи дека лицата со одбиен азил веќе нема да имаат можност за долго легално останување во земјите членки, a државите ќе добијат инструменти за побрзо справување со миграциските текови и заштита на границите.

Во меѓувреме, организации за човекови права и дел од земјите-членки предупредуваат дека без оддржлив механизам за интеграција, ваквите мерки може да доведат до раст на илегалната миграција, тешка социјална состојба и дополнително маргинализирање на ранливите категории.

Continue Reading

Македонија

Божиновска: Св. Климент Охридски е темелот на нашата духовност, писменост и водилка на нашето образование

По повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, министерката Божиновска упати честитка, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна, културна и образовна историја.

Во пораката, Божиновска потсетува дека го прославуваме творецот на прочуената Охридска книжевна школа, еден од најзначајните средновековни писатели, педагози и духовници, чие дело оставило длабок белег во развојот на словенската писменост.

„Свети Климент Охридски со својата неуморна просветителска работа, со своите дела и со својата посветеност стана заслужен не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет,“ истакнува министерката.

Таа додава дека наследството на Св. Климент и денес е темел врз кој се градат современото образование, духовност и културен идентитет, потсетувајќи дека неговата мисија продолжува да инспирира генерации ученици, наставници, научници и духовни водачи.

Министерката ја заврши честитката со порака за единство и напредок:

„Да го чуваме и надградуваме она што го создаде големиот просветител. Делото на Св. Климент нека нè води кон мудрост, знаење и човечност.“

Continue Reading

Македонија

Проданоски: Св. Климент Охридски е светилник на нашето образование и традиција

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до православните верници и до сите сограѓани по повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото исклучително значење за македонската духовна, културна и просветителска традиција.

„Денес го славиме споменот на еден од најважните духовници, учители и просветители во македонската историја – светителот кој ги постави темелите на словенската писменост, ја создаде Охридската книжевна школа и го зацврсти македонскиот духовен и културен идентитет,“ истакна Проданоски.

Тој нагласи дека богатото наследство на Св. Климент и денес е силен столб врз кој почиваат нашите образовни и духовни вредности, потсетувајќи дека неговото дело продолжува да инспирира генерации ученици, наставници и интелектуалци.

„Нека делото на Свети Климент не води кон мудрост, добрина и човечност. Нека празникот ни донесе мир, здравје и благосостојба,“ порача градоначалникот, завршувајќи со традиционалната честитка:

„За многу години!“

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг