Connect with us

Македонија

Лице облечено ВО БЕЛА МАНТИЈА веќе неколку ноќи плаши луѓе во Македонија! (ВИДЕО)

Published

on

Лице облечено во бела мантија веќе неколку ноќи по ред им излегувало на кавадарчани на влезот од патеката кај 12-те деца, и ги плашело.

Откако во неколку наврати граѓаните сведочеле на сцената со човекот во мантија, кој игра, се врти, а и фрлал со камења, вчера успеале и да го снимат.

Видеото со него е објавено на социјалните мрежи посветени на градот, и граѓаните прашуваат за што станува збор, дали се во прашање некои пагански обичаи, или пак некој само сака да ги заплаши оние кои пешачат на патеката.

Сепак, и покрај вознемиреноста, никој се уште не го пријавил лицето во полиција.

Од СВР Велес за ,,Фокус” велат дека официјално не добиле пријава за лице кое ноќе игра и фрла со камења по минувачите, па охрабруваат доколку има таков случај, истиот да го пријават.

Македонија

Бујар Османи во Белград, енигма со кого се сретнал

Published

on

„Десната рака“ на Али Ахмети, Бујар Османи, е забележан во Белград. Досега, никој од ДУИ не открива кој бил мотивот за оваа ненадејна посета на Османи во српската држава.

Додека енигмата трае, се поставуваат и овие прашања:

Зошто отпатувал и со кого се сретнал?

Дали бил пречекан од некој од тимот на Вучиќ?

Зошто токму сега овој функционер на ДУИ оди во српската престолнина?

Извор: alfax.mk

Continue Reading

Македонија

Меџити: Потполно им верувам на Касами, Инрахими и Гаши – не обединува идејата!

Published

on

izet

Првиот вицепремиер во Владата, Изет Меџити, во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма ја истакна важноста на единството во рамки на коалицијата ВЛЕН и го изрази своето целосно доверување кон политичките партнери со кои споделува иста идеја и визија.

„Јас по природа им верувам на луѓето, им верувам на пријателите. Потполно им верувам на Касами, Ибрахими и Гаши, затоа што не обединува идејата. До тука стигнавме како ВЛЕН, не сами,“ изјави Меџити.

Тој додаде дека секој обид за напуштање на овој заеднички пат ќе резултира со неуспех. „Секој што ќе се оддели, ќе се скрши и ќе биде губитник,“ нагласи тој.

Continue Reading

Македонија

Изет Меџити: На ДУИ не и се доволни девет партии, сега го бара и Таравари, но ВЛЕН ќе победи на локалните избори

Published

on

Првиот вицепремиер во Владата, Изет Меџити, во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма ја критикуваше ДУИ за нејзините обиди да собере што повеќе партии околу себе во пресрет на локалните избори, вклучително и Арбен Таравари.

„На ДУИ не и се доволни девет политички партии. По Села, Дудуш и другите, сега го бараат и Таравари за да бидат конкуренти на политичката сцена, особено на локалните избори“, изјави Меџити.

Тој нагласи дека ДУИ, која секогаш самостојно учествувала на локалните избори, сега бара поширока поддршка. „Никогаш не се случило ДУИ да оди како коалиција на локални избори, секогаш одела самостојно. Но јас со целосна увереност велам дека ВЛЕН ќе биде апсолутен победник на локалните избори“, истакна Меџити.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк