Џамбазов за Репортер: По Илина, немам веќе време за разочарувања и тагување во љубовта

Во сите овие години актерот и шоумен Игор Џамбазов е приказна која не само што трае во јавноста туку и никако да ја загуби популарноста. И секогаш со него муабет колку сакаш. Во моментот живее во селото Стрезовце, Кумановско, и тоа е уште едно од местата во Македонија во кои го наоѓа својот мир. Интензивно работи на пробите за „Златна бубамара на популарноста“, а неодамна објави дека веќе не е во љубов со алпинистката и уметник Илина Арсова. Таа пред неколку месеци замина за Америка на докторски студии, па не чуди ни разделбата.

Во интервју за „Репортер“ со Игор Џамбазов ќе зборува за сè.

По објавувањето дека повеќе не си со Илина и дека се разделивте, првин ќе те прашам како си?Добро сум, благодарам. Јас сум, сепак, човек што не е во цутот на младоста. Оваа година полнам 60 години и, едноставно, во животот веќе немам време за разочарување и тагување.

Веруваш ли сега дека сите големи љубови се тажни и дали успеваш да се справиш со тоа како возрасен човек? Искрено, тешко ми оди, ама сфатив дека работата ми е единствената терапија.

Цело интервју ТУКА