Ангелов до Државниот врв: На денот на „победата над УЧК“ да оддаде почит на бранителите

По положувањето цвеќе на споменикот на бранителите, претседателот на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, синоќа упати повик до државниот и политичкиот врв на државата на 26 март да им оддадат почит на бранителите од 2001 година.

– Го покануваме претседателот на државата Стево Пендаровски, како врховен командант на вооружените сили, претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, другите клучни министри, но воедно и лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, лидерот на Левица Димитар Апасиев и претседателите на помалите политички парламентарни и вон парламентарни партии на 26 март во 12 часот, денот кога македонските безбедносни сили извојуваа победа над УЧК, да дојдат овде и да оддадат почит на македонските бранители, рече Ангелов.

Според Ангелов, ова нивно барање до државниот и политичкиот врв не треба да предизвика, како што рече, никакво влошување на меѓуетничките односи.