ХАЈРЕДИНИ: И за Албанците е подобро Македонија на Македонците отколку пробугарска или просрпска Македонија

За Албанците подобро е Македонија на Македонците отколку пробугарска или просрпска, вели поранешниот министер и аналитичар Џевдет Хајредеини.

– Битиќи има економска стратегија до 2042 година. ВМРО победува на избори, а СДСМ губи, токму на извештајот за политиката со Бугарите. Младите, Македонци и Албанци, бегаат од Македонија. Преамбулата на уставот ниту дава ниту добива права. Бугарија никогаш не знаела, не знае и никогаш нема да го признае македонскиот јазик и нација. За Албанците подобро е Македонија на Македонците да постои, отколку пробугарска или просрпска, објави Хајредини на својот профил на Фејсбук.