Средношколец почина во Скопје, неофицијално – причината за смртта е дрога во пијалок

Средношколец, матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ завчера починал неофицијално како последица на дрога ставена во пијалок во кафуле. Неговите другар и сооченици, вчера на градските гробиште во „Бутел“ го испратиле Јован во своето вечно почивалиште. 

 Веста за починатиот матурант на социјалните мрежи ја објави професорката Виолета Ачковска. Во еден од коментари се огласи и мајката на Јован која ја потврди смртта на младиот тинејџер. 

Професорката Ачковска во нејзината објава тврди дека има неколку сомнителни смртни случаи на млади луѓе, ученици, на кои наводно им била ставена дрога во кафуле.

„Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоубиства. Можеби некој знае, но не оваа јавност која се’ уште е „траурна“ од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите“, напиша професорката на социјалните мрежи.

Сузаната Тренчевска, мајката на Јован во еден од коментарите ја потврди информација за смртта, без дополнителни детали за причината.