(Видео) Бугарскиот историчар со шамар за политичарите: Делчев умре за Македонија!

Васил Левски е најголем бугарски херој иако тој никогаш не бил бугарски државјанин, тој целиот негов живот бил поданик на неговото величество, Султанот. Гоце Делчев никаде не спомнува Бугарска држава, тој зборува за Македонска држава, тој умрел за слободата на Македонија, вели во гостување во македонската програма во Мелбурн бугарскиот академик и историчар, Димитар Атанасов.

– Делчев никаде не дава основ на Бугарија да каже дека тој сакал слободна Македонија за подоцна да се приклучи кон Бугарија. Идеалот на Гоце се исполни, останува да се исполни и идеалот за добри односи меѓу балканските народи, вели Атанасов.

Македонскиот народ и јазик се посебни и точка, вели бугарскиот академик Димитар Атанасов